172
26 shares, 172 points

Големите градови низ Европа исто така се соочувале или се соочуваат со прекумерна загаденост на воздухот, како што тоа е случај во актуелнава декада во повеќето македонски градови. Разликата е во тоа што тамошната дебата околу изворите и причините за загадувањето веќе завршила и се преземаат конкретни и ефективни мерки.

Наплата за влез со автомобил со слаб квалитет на издувни гасови во централното градско подрачје, заштитени подрачја во коишто смеат да пристапуваат единствено возила со исклучително ниска и нулта емисија на штетни материи, забрана за сообраќај во чувствителните подрачја при аларм за загаденост на воздухот. Тоа се вистински делотворните мерки во борбата против прекумерното загадување на воздухот, од кои повеќето се преземаат веќе неколку години наназад во градови и региони во 15 држави на ЕУ. За непочитување на строгите правила се наплаќаат скапи казни.

Следи кус преглед на посебните одредби што важат во неколку региони и градови во 15 држави во ЕУ.

Белгија

Каде: Антверпен и Брисел

Што: Еколошка зона (Зона со ниска емисија, Low Emission Zone – LEZ)

Кој: Забранет пристап за возила со дизел мотор со класа на емисија Euro 0, 1 и 2 (Антверпен), односно Euro 0 и 1 (Брисел), за возила со бензински мотор и Euro 0 (Антверпен), односно Euro 1 (Брисел). Странските возила исто така мора да се регистрираат во системот за класификација на издувот.

Данска

Каде: Копенхаген

Што: Еколошки зони

Кој: Сите автобуси и камиони со дизел мотор и тежина над 3,5 тони

Франција

Каде: Париз, Лион, Гренобл, Тулуз и други градови и општини

Што: Еколошки зони со различни ограничувања на пристап (означени со ZCR, ZPA)

Кој: Сите возила

Како: За пристап со возило е неопходно да се плати за вињета за животна средина Crit’ Air, со трајна или привремена важност.

Кога: Постојана еколошка зона ZCR во Центарот на Париз важи од понеделник до петок, од 8 до 20 часот. Забранет е пристап за возила со бензински мотор и Euro 0 и 1, со дизел мотор и Euro 0, 1 и 2. Од јули 2019 ќе важи на целата територија на Париз. Привремени еколошки зони ZPA во другите градови при аларм за загаденост на воздухот.

Грција

Каде: Атина

Што: Еколошка зона

Кој: Сите возила со грчки регистерски ознаки.

Како: Во прстенот „Дактилиос“ во деновите со парен датум смеат да пристапуваат само возила со парна регистерска ознака, односно во деновите со непарен датум само возила со непарна регистерска ознака. Тоа обично важи во текот на целата година, освен во летните месеци.

Велика Британија

Каде: Центарот на Лондон (London Congestion Charge zone + Low Emission Zone, LEZ)

Што: Наплата на пристап во град + забрана за сообраќај во еколошката зона

Кој: Сите моторни возила, со исклучок на мотоцикли и мопеди. За возила со класа на емисија Euro 0-3 мора дополнително да се плати „T-Charge“. Во зоната со ултра ниска емисија (ULEZ), од 8-ми април 2019 ќе важи забрана за сообраќај за сите автомобили со дизел мотор и норма послаба од Euro 6, како и за сите автомобили со бензински мотор кои се постари од Euro 4.

Италија

Каде: Централните подрачја на голем број градови и општини во Италија

  • Што: Зони со ограничен пристап за сообраќај, забрана за сообраќај во зимо
  • Кој: Сите возила кои не се регистрирани локално.

Каде: Регионите на Јужен Тирол, Емилија Ромања, Пиемонте и Венето, во општините со повеќе од 30.000 жители (само во периодот од 1-ви октомври до 31-ви март). Во регионот Ломбардија, забраната важи преку целата година (на пр. во Милано ќе важи за целата територија на градот, почнувајќи од 25-ти февруари 2019 година).

  • Што: Зони со ограничен сообраќај
  • Кој: Забрана за пристап со дизел возила со класа на емисија Euro 0, 1, 2 и 3, како и возила со бензински мотор со Euro 0 (забраната во Ломбардија во летниот период важи за до Euro 2 за дизелите).

Каде: Болоња, Милано, Палермо, Меран, Бозен

  • Што: Наплата за пристап во град
  • Кој/Кога: Различно за секој град

Малта

Каде: Подрачјето на градот Валета

Што: Наплата за пристап со возило

Кој: Сите домашни возила.

Кога: Понеделник до петок, од 8 до 18 часот. Пристапот е слободен за време на викендите и празниците.

Холандија

Каде: Ротердам, Утрехт

  • Кој: Забранет пристап за автомобили со дизел мотор, со класа на емисија Euro 0-2; автомобили со бензински мотор со Euro 0 (само Ротердам)

Каде: Арнем

  • Кој: Забранет пристап за возила со дизел мотор, регистрирани пред 2005 година.

Каде: Амстердам

  • Кој: Забранет пристап за мопеди регистрирани пред 2011 година, за такси возила со дизел мотор регистрирани пред 2009 година и автобуси со дизел мотор регистрирани пред 2005 година

Што: Еколошки зони

Кога: Секој ден, 24 часа

Друго: Еколошките зони во Бреда, Делфт, Хаг, Ајндховен, Лајден, Мастрихт, Рисвик, Хертогебос и Тилбург го ограничуваат само пристапот за товарни возила.

Норвешка

Каде: Берум, Берген, Бодо, Форде, Гренланд, Харстад, Хагесунд, Кристијансланд, Намсос, Норд Јерен, Осло и Трондхајм

  • Што: Наплата за пристап со возило
  • Кога: Секој ден, 24 часа, но со различна тарифа, во зависност од периодот во денот.
  • Како: Станици за наплата на пристап во градот

Каде: Осло

  • Што: Еколошка зона
  • Кога: При аларм за загаденост на воздухот, од 6 до 22 часот
  • Кој: Забрана за пристап за сите возила со дизел мотор

Австрија

Каде: Виена, дел од источниот регион на Долна Австрија, Бургенланд и поголемиот дел од Штаерска

Што/Кој: Ограничен сообраќај за сите товарни возила од класа N. Забрана за возила со класа на емисија 0, 1 и 2. Вињета за издувни гасови само за возила со класа на емисија над Euro 3

Како: Вињета за издувни гасови се продава во сервисните работилници, станиците за технички преглед и во автоклубовите, со приложување на сообраќајната дозвола, дел 1.

Друго: Во Бургенланд, Горна Австрија, Штаерска и во Тирол се забранува сообраќај за товарни возила со дозволена тежина над 3,5 тони, односно 7,5 тони.

Португалија

Каде: Лисабон

Што: Еколошка зона

Кој: Во зона 1 смеат да пристапуваат само возила со прва регистрација по 1.1.2000 (најчесто одговара на норма Euro 3). Зона 2 е дозволена само за возила што се регистрирани по 1.1.1996 (најчесто одговара на Euro 2).

Кога: Во двете зони, во работните денови меѓу 7 и 21 часот

Шведска

Каде: Хелсингборг, Лунд, Малме, Мелндал, Умеа и Упсала

  • Што: Еколошки зони
  • Кој: Автобуси со дизел мотор и товарни возила над 3,5 тони

Каде: Гетеборг и Стокхолм

  • Што: Наплата за пристап со возило
  • Кој: Сите моторни возила
  • Кога: Понеделник до петок, од 6 до 18.30 часот (Гетеборг), односно од 6.30 до 18.30 часот (Стокхолм)

Шпанија

Каде: Мадрид

  • Што: Еколошка зона
  • Кога: Секој ден, 24 часа
  • Кој/Како: Сите автомобили, неопходна е вињета за животна средина. Забрана за пристап за автомобили со бензински мотор со Euro 0-2, дизели со Euro 0-3. За возилата кои не се регистрирани во Шпанија засега не се издава вињета.
  • Друго: Привремена еколошка зона на поширокото подрачје на Мадрид при аларм за загаденост на воздухот

Каде: Барселона

  • Што: Привремена еколошка зона
  • Кога: Во случај на аларм за загаденост на воздух
  • Кој/Како: Сите автомобили, неопходна е шпанска вињета за животна средина

Чешка

Каде: Центарот на Прага

Што: Ограничен пристап за товарни возила над 3,5 тони.

Друго: Претстои воведување вињета за емисија за автомобили, товарни возила, автобуси и мотоцикли. Потоа ќе може да се организираат еколошки зони во секој чешки град псоебно. За Прага е предвидено планот да започне со реализација од 2020 година.

Унгарија и Чешка со тужби поради загадениот воздух од увозот на стари дизели


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

172
26 shares, 172 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format