за

Калифорнија дозволи тестирање на роботски возила за достава

Калифорнија дозволи тестирање на роботски возила за достава
Калифорнија дозволи тестирање на роботски возила за достава

Стартап-компанијата Nuro доби дозвола во Силиконската Долина да тестира автоматски возила за достава без надзор од човек. Ова е втора компанија што добива ваков вид дозвола од сообраќајните власти во Калифорнија – прва е Waymo, посестринската фирма на Google. Во малите доставни возила на Nuro воопшто не е предвидено место за возач. Целиот простор е искористен за товарење и до него се пристапува преку капаците отстрана.

Пандемијата од корона доведе до зголемена побарувачка за служби за безконтактна достава. Испораката на нарачките во почетокот нема да се наплаќа, затоа што техниката уште се тестира. Но, првите достави во Маунтин Вју и во околината ќе следат дури по завршувањето на актуелните ограничувања на движењето во Калифорнија. Следен чекор ќе биде барање дозвола за тестирање на целата територија на сојузната држава.

Доставните возила на Nuro постигнуваат брзина до 40 километри на час и во просторот со зафатнина од 630 литри можат да превезуваат товар тежок до 190 килограми.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како Skoda ја чува струјата во замавници од 1,5 тон

Како Skoda ја чува струјата во замавници од 1,5 тон

Мажите се поголема опасност во сообраќајот од жените

Мажите се поголема опасност во сообраќајот од жените