за

Вакви новогодишни подароци сакаат автомобилистите

Skoda новогодишни подароци

Најлесно е да се погоди подарок за автомобилските ентузијасти. Доволно е да се избере било што на тема автомобили? Секако дека не е толку едноставно. За да се избегнат евентуални разочарувања, овој список може да послужи како корисна ориентација

Некогаш се случуваат и такви „случајности“, кога портал за автомобилизам објавува список со подароци кои најмногу одговараат за љубителите на возењето и сé што се случува околу него. Денес случајности се случуваат сé поретко, затоа погрижете се следниов список со подароци да доспее до Вашите најблиски. Можеби и Вие ќе добиете список за преглед. Неслучајно, списокот го составија експертите за новогодишни подароци на Skoda.

Маг за кафе

skoda-mug-winter-gift

Додека пиете кафе, можете да отпатувате далеку со мислите. Благодарение на отстранливата силиконска основа, оваа чаша може да се остави на секаква подлога, затоа што топлинската изолација спречува жешката содржина да дојде во допир со подлогата.

Škoda Rapid 136L

skoda-rapid-136l-model

Осумдесетите години се враќаат, заедно со правоаглестите форми, кои одбележаа цело поглавје во историјата на автомобилската марка од Млада Болеслав. Некои од членовите на семејството или пријателите веројатно биле деца во тоа време и со уживање ќе се присетат на спортските форми на Skoda Rapid Coupe. Моделот кој своевремено беше голема гордост на чешката марка се произведуваше во повеќе варијанти меѓу 1984 и 1990 година. Skoda 136L е достапен како автомобил-модел во размер 1:43. Тоа ќе буди убави сеќавања, покрај семејните слики кои обично стојат на работната маса.

Џебен нож

skoda-pocket-knife-gift

Џебниот нож се наоѓа во многу пригоди. Дури и основната верзија, со две сечила, отворачи, одвртка и вадичеп, може да биде спасител во најубавите моменти. Никогаш не се знае кога тој ќе затреба.

Часовник од Skoda Motorsport

skoda-motorsport-wristwatch-gift

Кал, снег, камен, чакал, асфалт… автомобилското рели е тежок спорт каде што се докажуваат вистинските возачи. Љубителите на релито, кои со нетрпение очекуваат да ги видат залетаните болиди како лизгаат низ свијоците, со сигурност ќе ценат подарок кој се поврзува со брзото возење. Часовникот има минерално стакло, водоотпорен е до 10 атмосфери, а основата е Seiko Epson VR34A. Кој не би се израдувал на ваков подарок?

Дрвен автомобил играчка

skoda-wooden-toy-car-gift

Првата трка не се заборава, дури и кога таа се одвивала по домашниот тепих. Детската фантазија не познава граници и тие ќе ја пронајдат својата рели-патека меѓу ногарките на столовите и масата. Во време кога децата се здобиваат со зависност од дисплеи на допир, вреди да се развиваат нивните моторни способности со вистинска дрвена играчка.

Разладувана кутија

skoda-car-coolbox-gift

Сега е прерано да се мисли на тоа, но кога ќе пристигне следното лето и кога студените пијалоци се ценат повеќе од сé, тогаш оваа кутија ќе биде добредојдена при секое патување. Во неа може да се чуваат и овошје или сендвичи. Со посебен прекинувач се вклучува режимот, кога кутијата ја задржува топлината на храната. Струјата доаѓа од обичен приклучок за 12 волти.

Носач за велосипеди

skoda-bicycle-carrier-gift

Носач за велосипед внесува нов квалитет во животот. Багажникот на автомобилот конечно може да се користи само за багаж, плус за уште многу работи кои би биле корисни при заминување на викенд или на подолго време. Благодарение на можноста за преклопување се добива непречен пристап до багажникот, без потреба од остранување на носачот и велосипедите. Може да се постават два велосипеда, без разлика дали се работи за суперлесна категорија или за комплетно амортизиран велосипед за возење по патека во природа. Овој вид носачи е добар и за потрошувачката на гориво, затоа што не произведува дополнителен отпор на воздух, како што е случај со носачите за покрив.

Куфер во форма на канистер

Овој подарок минува кај секој автомобилист. Данска фирма го изработува овој стилски куфер од вистински канистер, во широка палета бои. Металот со дебелина од 0,8 милиметар ја штити содржината на куферот од секакви потреси или удари. Постои и специјална зајакната изведба, за фото-опрема. Димензиите одговараат за во авионска кабина, рачките се извлекуваат, тркалата се гумени.

Книга од Џереми Кларксон

Легенда што не треба да се доопишува. Еден од основачите на Топ Гир, Кларксон е воедно и познат колумнист, чиишто куси есеи со години се објавуваат во Сандеј Тајмс. Неговата способност да ги опише најсложените работи на начин кој лесно се разбира и максимално е хумористичен, направи неговите книги да станат бестселери што се преведени на многу јазици. Препорака за „I Know You Got Soul“, којашто расплачува до солзи, со оригиналното толкување на историјата на легендарните машини, вклучувајќи ги Спитфајер, Летечкиот Шкот или Цепелинот. За автомобилските фанови е задолжителна „Clarkson on Cars“.

Шатор на покрив

Gentle Tent шатор на покрив

Дали сте од оние луѓе што сакаат да откриваат нови места? Преклопливиот шатор на покрив за миг го претвора автомобилот во експедициско возило. Шаторот одговара и за одмори што се во близина на домот. Повеќе производители ги нудат овие шатори. За прицврстување се користат обични кровни шини, поставувањето трае само неколку минути. Има и скалило за полесно качување.

И највредниот подарок за секој љубител на автомобили, воедно и извонредна можност за негово делегирање од домот на повеќе денови…

Возење во екстремни услови, во длабок снег, на мраз, на тркачка патека, на арктички студ, во пустинска жега. Неколку врски на таа тема:

www.greenhelldriving.nuerburgring.de/
www.icedriver.com
www.icedrivesweden.com
www.icedriving.net

All-wheel-drive_snow-header.JPG-1920x1280

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Goodyear Eagle F1 SuperSport

Goodyear претстави нова генерација на Eagle F1 SuperSport

Porsche kamion MAN eTGM Cufenhauzen

Електричен камион носи делови за електричниот Porsche