145
24 shares, 145 points

Тестирањето на прототипите од новата генерација на Porsche 911 заврши. Останува уште полирање на каросеријата и подготовка за стартот на продажбата во почетокот на следната година.

Осмата генерација на спортскиот класичар Porsche 911 ќе стартува со продажба во почетокот на следната година. Во моментов прототипите јурат под полна гас и ја комплетираат тест-програмата којашто се одвиваше глобално. Новиот спортски автомобил мина тестирање во екстремни климатски зони, со температурна разлика од 85 степени Целсиузови, совлада висинска разлика од преку четири километри, го издржа измачувањето во најгустите градски застои, а верно на неговиот карактер, не пропушти да постигне рекордни времиња на неколку тркачки патеки. Porsche мора да обезбеди дека спортската икона ќе функционира беспрекорно и по многу години.

Главното внимание при тестирањето беше ставено на класичните вредности на Porsche, како што се динамичните својства на подвозјето и перформансите на моторот. Како што ветуваат инженерите, новата генерација на Porsche 911 уште повешто ќе ги спојува двете крајности, односно возењето во секојдневен сообраќај и возењето во екстремни услови на тркачка патека.

Porsche 911 prototipi 8am#

Останува само незначително маскирање на конечниот изглед на новиот Porsche 911 до официјалната премиера

Се проверуваше и функционирањето на комплетно новиот концепт на ракување, вклучувајќи сосем нови дисплеи и инструменти. Истото важи и за многубројните системи за асистенција, како и за можностите за вмрежување и за користење мобилни услуги. Особено е важно да се провери ракувањето и работата на Porsche Connect, затоа што спортската марка се продава во многу земји низ светот и мора да се обезбеди дека функциите на конективноста ќе работат примерно насекаде.

Во услови на екстремна жега на Средниот Исток или во Долината на смртта во САД се проверуваше работата на климатизацијата при температури од 50 степени Целзиусови, но исто така и на ладењето на моторот и воопшто на неговата работа. При високи температури не смее да се дозволи деловите во кабината да произведуваат непријатни звуци од гмечењето коешто би се појавило кога одделните делови се шират под дејство на високата топлина.

Финска е ветената земја за тестирање прототипи, заради единствените можности за фино дотерување на системите за регулирање на динамиката · Новиот Porsche 911 таму мина илјадници километри

Секако дека мора да се тестира и во спротивниот екстрем, на 35 степени Целзиусови под нулата, во Финска. Во тие услови мора да се обезбеди дека моторот ќе стартува лесно, исто како што треба да се обезбеди и моќно греење и одведување на влагата од кабината и спречување на кондензација на стаклата. Уште е поважно како ќе се покажат тракцијата, возните својства, сопирачките, како и брзината со којашто реагираат системите за регулирање на возната динамика.

Porsche 911 prototipi 11am#

Кривулестите патишта во Поларниот круг нудат одлични услови за тестирање на спортските автомобили. Новиот Porsche 911 извозе и маратон по кинеските патишта и во сообраќајните услови што се специфични за регионот. Исто така мораше да се провери и како моторот ќе работи со најразлични квалитети на гориво.

Германскиот Нирбургринг е традиционален дел од тесстирањето на секој модел на Porsche. Моторот, менувачот, сопирачките и подвозјето мора да го издржат долготрајното изложување на екстремно напрегање на тркачката патека. Во Италија се возеше на Нардо, познатата патека којашто овозможува постигнување највисоки брзини, но и тестирање на ладењето на моторот и на управливоста на возилото.

Најниската точка на тестирањето беше во Долината на смртта, на 90 метри под висината на морето, додека највисока точка беше на 4.300 метри надморска висина, на планината Еванс во Колорадо. Реткиот воздух на голема висина е вистински предизвик за битурбо-натполнењето и за системот за напојување со гориво. На крајот на тестирањето, сите прототипи заедно совладаа пат од околу три милиони километри ширум планетата.

Porsche 911 GT2 RS MR го извозе Нирбургринг за рекордно време

Златното Porsche му вреди 2,7 милиони евра на новиот газда

Porsche започна со изградба на седмиот центар за возачки тренинг

Рекорд на Porsche 911 GT2 RS на Нирбургринг

20,8 километри и 73 свијоци за 6 минути и 40 секунди. Нов рекорд на Porsche 911 GT2 RS на Нирбургринг, за автомобил што (се' уште) смее да носи регистерски таблици. Следно од Porsche ќе биде рекорд на рекорди?

Posted by Automedia.mk on Saturday, November 3, 2018


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
24 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743