за

Новиот Kia Ceed пристигна во салонот во Скопје

Kia Ceed Salon Skopje

Новата генерација на Kia Ceed стартува со продажба во Македонија, моделот веќе е изложен во салонот на марката.

Како што беше најавено при неодамнешната презентација на освеженото моделско годиште на Kia Sportage, месецов започнува продажбата на новата генерација на Kia Ceed. Со пристигнувањето на моделот од компакт класата се заокружува обновувањето на целата моделска гама на Kia.

Новиот Kia Ceed ја користи како основа платформата K2, со којашто се сменија и димензиите на каросеријата. Ширината е зголемена за два сантиметри, а возилото е воедно пониско за 2,3 сантиметри. Меѓуоскиното растојание останува е непроменета, со 2,65 метри. Багажникот доби 15 литри повеќе и сега располага со зафатнина од 395 литри.

Понудата од мотори за новиот Kia Ceed започнува со 1,0-литарскиот турбо бензинец со 120 коњски сили, по когошто следи 1,4-литарецот, во атмосферска и турбо верзија, со 100 КС, односно 140 КС. Единствен дизел е 1,6-литарскиот мотор со 136 КС. Сите мотори следуваат стандардно во комбинација со 6-степен мануелен менувач, а како опција се нуди 7-степен менувач со две спојки за 1.4 T-GDi и 1.6 CRDi.

Kia Ceed Salon Skopje 2

Технолошкиот напредок најдобро го прикажуваат системите за асистенција, вклучувајќи и радарски темпомат, помош за следење лента, надгледување на мртвите агли, помош при паркирање, како и можностите за преземање на мобилните апликации на инфо-забавниот систем, којшто е достапен во три варијанти, со различна големина на дисплејот.

Промотивна цена на новиот Kia Ceed за 2.000 евра под редовната, старт од 13.990 евра

Ценовникот за Kia Ceed започнува од 13.990 евра, како промотивна цена за пристигањето на новиот модел, за верзијата со 1,4-литарски бензинци со 100 КС и основното ниво Vision. Сите мотори се достапни во комбинација со две нивоа на опрема. Стандардно следуваат мануелен клима уред, темпомат, кожа на волан и на рачка на менувач, паркинг сензори назад и камера, радио со дисплеј на допир од 7 инчи, магленки и греење на ретровизори.

Во нивото Advance, коешто чини 2.000 евра повеќе од основното ниво, дополнително следат автоматика за клима уредот, сензор за дожд, диодни задни светла, електрично собирање на ретровизори и алу-бандажи од 16 инчи, но и напредни системи за асистенција, како самостојно запирање при опасност од судир и систем за следење лента.

[FAG id=35607]

Тест: Kia Sportage 1.6 GDi Vision 2WD

Бестселерот Kia Sportage со залет во новото моделско годиште

Kia Sportage најдобар избор на СУВ за тинејџерите во САД

Електричен Kia Niro во продажба во Европа кон крајот на годинава

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat Tarraco Volfsburg

Seat Tarraco излегува од иста фабрика со Touran и Tiguan

Макпетрол Верна Шоп & Драјв 1

Меџикот на Макпетрол станува Верна Шоп & Драјв