за

Симулација на цени со новиот данок за возила

цени на автомобили со нов закон за данок за возило
цени на автомобили со нов закон за данок за возило

Од првиот ден од 2020 година важи новиот данок за возила, кој беше најавен како револуција и своевиден заштитен механизам од увозот на користени возила со слаб квалитет на издувни гасови. Преку примерот со моделската понуда од една автомобилска марка, направивме необрзувачка симулација, како новиот данок би влијаел врз цените на новите автомобили.

При увозот на нови и користени возила повеќе не се наплаќа акциза. Од 1-ви јануари 2020 година, во Македонија стапи на сила посебен данок за возила. Целта на новиот закон е да се воспостави контрола врз увозот на користени возила, од гледиште на намалување на количината на штетни материи во издувот, а во согласност со современите европски текови. Преку увозот на почисти користени возила и преку двојно повисокиот коефициент за оданочување на возилата со дизел мотор, за коишто во земјите од кадешто истите се увезуваат веќе се воведуваат и ограничувања за сообраќај, намерата е во одреден временски период да се постигне подобрување на квалитетот на воздух во македонските градови. Теоретски.

Возилата досега беа оптоварени со акцизна давачка, зависно од нивната вредноса. Новиот данок за возила се состои од две компоненти: Едната и натаму се базира врз вредноста на возилото, додека втората го зема во предвид влијанието на возилото врз животната средина, ориентирајќи се стандардно според емисијата на СО2 што е хомологирана и пријавена од страна на производителот.

Властите уверуваат дека новиот закон за данок на возила ќе ја полни касата исто како и досега преку системот со акцизи, меѓутоа тоа што граѓаните го бараат е чист воздух и конечно надминување на проблемот со заерозагаденоста

За возила со вредност меѓу 8.500 и 12.000 евра, претходно се наплаќаше акциза во висина од 3 проценти. Соодветно следеше пониска стапка за возилата во неколку ценовни категории подолу, со тоа што постоеше и ослободување за возила до 3.000 евра. Од 1-ви јануари 2020, возила што вредат до 10.000 евра се ослободени од плаќање данок, односно од првиот дел од данокот што се однесува на вредноста на возилото.

Главната промена е во еко-компонентата. За возила што испуштаат меѓу 171 и 190 грами СО2 на километар, се плаќа по 160 денари за секој грам, доколку станува збор за возило со бензински мотор – најважно е нивната вредност да не надминува 10.000 евра. Во случај на дизел мотор, секој грам чини по 220 денари. Тоа е мошне прегледна метода и се пресметува брзо, врз основа на табелата. За дизел-возило што испушта, на пример, 173 грами СО2 на километар, данокот изнесува 173 х 220 денари, односно 38.060 денари. Тоа приближно одговара на акцизата што порано се плаќаше за возила со даночна основица од близу 14.000 евра и акциза од 4 проценти.

Како се пресметува новиот данок за возила?

Данокот за нови и стари патничките возила кои се увезуваат или првпат се регистрираат во Македонија се пресметува според следната формула:

ДМВ = (ВМВ x пВВ) x СКД + СО2 x кСО2, при што:

ДМВ е данок на моторно возило изразен во денари;

ВМВ е вредност на моторното возило искажано во евра;

СКД е среден курс на денарот во однос на еврото на денот на пресметката;

пВВ е процент што е наведен во Табела 1, а кој одговара за граничните вредности на на моторното возило;

CO2 е емисија на CO2 за соодветното моторно возило и

кCO2 е коефициент што е наведен во Табела 2, а кој одговара за граничните вредности на CO2.

Табела 1 – Гранични вредности на моторното возило и проценти за оданочување на вредноста на моторни возила

Вредност на моторното возило (EUR)

Над

До

пВВ

10.000

0,0%

10.000

12.000

1,0%

12.000

14.000

2,0%

14.000

16.000

4,0%

16.000

18.000

6,0%

18.000

20.000

8,0%

20.000

23.000

10,0%

23.000

26.000

12,0%

26.000

29.000

14,0%

29.000

32.000

16,0%

32.000

35.000

17,0%

35.000

40.000

18,0%

40.000

50.000

19,0%

50.000

20,0%

Новите возила го немаат „проблемот“ со емисијата на СО2. Во редакцијата ја зедовме како пример марката Kia, поради тоа што во нејзината моделска понуда се вклучени сите видови погон, бензинци и дизели, хибриди и плагин-хибриди, но и чисто електрични возила. Законот, меѓу другото, ги спомнува и плагин-хибридите и возилата што користат само батерија, но некако ја запусти старата љубов кон класичните хибриди. Но, тоа веќе отвора посебна тема, за следна пригода.

Емисијата што до пред десетина години ја постигнуваа пристојни компакти, денес им припаѓа на престижни и скапи лимузини од новите генерации

Единствен автомобил во актуелната понуда на Kia што испушта близу 173-те грами СО2 од нашите примери е престижниот гран-турер Stinger, кој и без тоа чини најмалку 40.000 евра. За Kia Stinger 2.2 CRDI во изведба со погон на сите тркала, „новиот“ данок според нашата симулација изнесува вкупно 32.110 денари. Верзијата на Stinger со дволитарски турбо има 181 g CO2/km, но поради тоа станува збор за бензинец, коефициентот е помал, па и данокот 28.960 денари.

Шампион во поглед на (не)оптоварувањето со висок данок е Kia Ceed 1.0 T-GDI во неговите верзии со 100 и 120 КС, двете со по 118 g CO2/km и со ист данок од 5.900 денари. Нашите пресметки се необврзувачки и се базираат врз цени земени од германскиот пазар, поради тоа што таму веќе се достапни плагин-хибридите и електричните модели, за кои е мошне висок степенот на сигурност дека за неколку месеци ќе пристигнат и кај нас.

Kia Niro е достапен во хибридна и плагин-хибридна изведба; Посебен „исклучок“ во законот прави поскапиот плагин-хибриден модел да подлежи на понизок данок, наспроти класичниот хибрид; Тоа е пропуст што треба да се надмине при првата ревизија

Во поглед на привилегирањето на автомобилите со ниска емисија на штетни материи, новиот данок за возила може да се оцени како добар погодок. Но, се случуваат и буквално тектонски потреси, токму во случај на возилата со хибриден погон. Пример: Хит-кросоверот Kia Niro, на главните европски пазари е достапен во две изведби, како класичен хибрид и како плагин хибрид.

Разликата во цената меѓу двата модели – повторно со нагласок дека станува збор за наша симулација со цени изведени од германскиот пазар – изнесува околу 6.000 евра. Меѓутоа, „поевтината“ хибридна изведба се оптоварува со данок на возило во висина од 141.000 денари, додека за поскапиот плагин-хибрид, данокот изнесува 123.000 денари. Како е можно тоа?

Во глава 3 од Законот за данок за возила, во член 9, став 3, наведен е исклучок, според когошто за плагин-хибридите се пресметува износ на данок намален за 50 проценти. За класичните хибриди, оние што и нашиот пазар ги познава одлично, првенствено поради максималниот ангажман на Тојота Авто Центар, а кои на европскиот пазар постигнуваат дури и тројно повисока продажба во споредба со плагин-хибридите, нашиот новодонесен закон за данок за возила нема „прошка“. Досега хибридите беа ослободени од акциза и тоа носеше солидна предност кај возилата од поскапите сегменти, но Toyota во меѓувреме нуди хибриди и во ценовниот сегмент под 20.000 евра.

Со законот не се погодени само хибридите на Toyota и на нејзината престижна марка Lexus, туку и на Kia, Hyundai, Ford, Honda

Но, овој сериозен пропуст во новиот закон за данок за возила очигледно ги погодува и останатите производители, кои имаат модели со класичен (и воедно подостапен) хибриден погон во понудата. Тоа директно наштетува на интересот на купувачите, затоа што во случајов се привилегира поскапиот вид на плагин-хибриден погон, а во услови на секојдневна експлоатација не постои реална предност.

Табела 2 – Гранични вредности на CO2 и коефициенти за оданочување по CO2 на моторни возила

New photo by Automedia MK / Google Photos

Повисока компетенција во советничкиот круг при донесувањето на новиот закон, сигурно ќе помогнеше да се надмине овој пропуст. Класичен хибриден погон, покрај пионерската и шампионска Toyota (и Lexus), моментно нудат уште Ford, Honda и Hyundai. Тоа исто така се марки кои се оштетени со „исклучокот“ за ослободување на плагин-хибридите со 50% од данокот. Електричните автомобили, патем, целосно се ослободени од новиот данок за возила.

Симулација на влијанието на новиот данок за возила, преку пример со марката Kia:

(цените се однесуваат на германскиот пазар, вредноста во табелата е смалена за износот на германскиот ДДВ во висина од 19 проценти)

ВМВ е вредност на моторното возило искажано во евра;  ДМВ е данок на моторно возило изразен во денари; пВВ е процент што е наведен во Табела 1, а кој одговара за граничните вредности на на моторното возило; CO2 е емисија на CO2 за соодветното моторно возило и кCO2 е коефициент што е наведен во Табела 2, а кој одговара за граничните вредности на CO2.

Крајната цена во табелата е симулација на Аутомедиа со цени од германскиот пазар и во никој случај не се однесуваат на понудата на Киа Моторс Македонија

Моделска изведба g СО2 / km ВМВ (евра) ДМВ (денари) Еко-комп. (денари) Крајна цена (евра)
Kia e-Soul (39,2 kWh) 0 28563 0 0 28563
Kia e-Soul (64 kWh) 0 31756 0 0 31756
Kia e-Niro (39,2 kWh) 0 28815 0 0 28815
Kia e-Niro (64 kWh) 0 32008 0 0 32008
Kia Niro 1.6 GDI PHEV DCT6* 29 28563 123026 145 30564
Kia Niro 1.6 GDI Hybrid DCT6 86 22681 141195 1720 24977
Kia Ceed 1.6 CRDi (85 kW) 101 18143 97336 8080 19726
Kia Ceed 1.6 CRDi (100 kW) 104 20328 133325 8320 22496
Kia Picanto 1.0 OPF 106 8395 4240 4240 8464
Kia Stonic 1.6 CRDi (85 kW) 106 19067 102283 8480 20731
Kia Picanto 1.0 T-GDI OPF 107 13605 37746 4280 14219
Kia Stonic 1.6 CRDi (100 kW) 108 20832 136746 8640 23056
Kia Ceed 1.6 CRDi DCT7 (100 kW) 109 21672 141994 8720 23981
Kia XCeed 1.6 CRDi (85 kW) 109 19992 107071 8720 21733
Kia Sportage 1.6 CRDi 115 ED+ 2WD 110 21630 141815 8800 23936
Kia XCeed 1.6 CRDi (100 kW) 112 22513 149641 11200 24946
Kia Picanto 1.2 OPF 114 10462 12134 5700 10659
Kia Stonic 1.0 T-GDI 120 DCT7 114 17101 68797 5700 18220
Kia Rio 1.0 T-GDI 100 OPF 115 14748 42027 5750 15431
Kia Stonic 1.0 T-GDI 100 115 15286 43350 5750 15991
Kia Rio 1.0 T-GDI 120 OPF 116 16933 68277 5800 18043
Kia XCeed 1.6 CRDi DCT7 117 23857 187751 11700 26910
Kia Ceed 1.0 T-GDI 100 118 14025 40399 5900 14682
Kia Ceed 1.0 T-GDI 120 118 16210 65710 5900 17279
Kia Sportage 1.6 CRDi 136 ED+ AWD 123 26252 238312 12300 30127
Kia Rio 1.0 T-GDI 120 DCT7 124 16597 67437 6200 17693
Kia XCeed 1.0 T-GDI 120 124 17975 72522 6200 19154
Kia Rio 1.2 125 10210 12529 6250 10414
Kia Ceed 1.4 T-GDI DCT7 125 20160 18647 6250 20463
Kia Sportage 1.6 CRDi 136 ED+ AWD DCT7 125 27933 252982 12500 32047
Kia Sportage 1.6 CRDI 115 2WD 126 21000 141740 12600 23305
Kia Stonic 1.0 T-GDI 120 129 15840 45414 6450 16579
Kia Ceed 1.4 T-GDI 130 18815 99063 6500 20426
Kia CXCeed 1.4 T-GDI DCT7 130 22261 143391 6500 24592
Kia Stonic 1.2 133 13437 25836 9310 13857
Kia Sportage 1.6 CRDi 136 AWD DCT7 133 27303 252346 17290 31406
Kia Sportage 1.6 CRDi 136 AWD 134 25622 206494 17420 28980
Kia XCeed 1.4 T-GDI 137 18815 102153 9590 20476
Kia Sportage 2.0 CRDI 185 ED AWD 138 32345 356075 17940 38135
Kia Ceed GT DCT7 142 26126 239127 14200 30015
Kia XCeed 1.6 T-GDI DCT7 143 25454 202134 14300 28741
Kia Sportage 1.6 T-GDI 2WD DCT7 149 24782 197773 14900 27998
Kia XCeed 1.6 T-GDI 153 23773 195321 19890 26949
Kia Stinger 2.2 CRDI 154 38311 453327 29260 45683
Kia Ceed GT 155 24445 200542 20150 27706
Kia Sorento 2.2 CRDI 2WD 155 30042 325039 29450 35328
Kia Sorento 2.2 CRDI AWD 156 31723 341766 29640 37280
Kia Sportage 1.6 GDI 2WD 159 18899 113646 20670 20747
Kia Stinger 2.2 CRDI AWD 169 39992 474781 32110 47712
Kia Sportage 1.6 T-GDI 2WD (177) 170 23101 192570 22100 26232
Kia Sportage 1.6 T-GDI 4WD (177) 175 24782 210873 28000 28211
Kia Stinger 2.0 T-GDI 181 37387 442796 28960 44587
Kia Stinger 3.3 T-GDI AWD 240 46975 601656 52800 56759

Моделите со дизел мотор се наведени со нагласени букви

* Модел со плагин-хибриден погон, данокот се намалува за 50%

Несомнено е дека новиот закон за возила ќе биде главна тема на домашната автомобилска сцена во почетокот на годината. Се отвораат многу теми и се зафаќа во најразлични подрачја од секојдневното живеење, но примарната цел секогаш е истата, конечно изнаоѓање механизам што ќе води кон намалување на екстремната загаденост на воздухот. Од многу аспекти, новиот закон за данок на возила е само почеток, па дури и почеток на самиот закон за данок на возила.

За политичарите нема загадување, а дизел скандалот ни вози по улица

Протестниот марш против загадувањето имаше инстантен ефект, еколозите уште не знаат

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen полначи за струја саксонија

Volkswagen поставува стотици полначи за струја во своите фабрики

Карлос Гон бегство Либан

Четири пилоти приведени во Турција за бегството на екс-шефот на Renault