176
22 shares, 176 points

Светскиот шампион во новите видови на погон го прекина снабдувањето со водород на целата своја територија, откако во близина на норвешката престолннина експлодираше станица за точење водород.

Во близина на норвешкиот главен град Осло експлодираше станица за точење водород. Во незгодата се повредени две лица во возилото што било во близина на станицата, поради отворањето на воздушните перници, под дејство на ударниот бран од експлозијата. Причината за експлозијата не е утврдена.

Операторот Nel Hydrogen ги затвори сите станици за точење водород во Норвешка и во останатите земји. Станиците ќе останат затворени додека не се утврди причината. Сопствениците на автомобил со погон на водород во Норвешка повеќе немаат од каде да набавуваат гориво за своите возила. Тоа предизвика големи негодувања.

Целосно прекинато снабдувањето со водород за автомобилите во Норвешка

Производителот на водородниот автомобил Mirai, Toyota, вети електричен автомобил како привремена замена. Истото го направи и корејскиот производител Hyundai, кој има продадено околу 100 возила со погон на водород во Норвешка. Станиците за водород во Данска исто така се затворени.

По експлозијата, Toyota и Hyundai прекинаа со продажба на своите модели со водороден погон во Норвешка. Од двете компании тврдат дека погонот на водород е мошне безбеден. Во боагтата скандинавска земја има регистрирано околу 170 возила со водороден погон.

Водородни автомобили Toyota Mirai за Светскиот Олимписки Комитет

DHL нарача 100 доставни возила со погон на водород

Toyota си произведува и водород за своите водородни возила

Комбе на Mercedes возеше на водород пред 25 години


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

176
22 shares, 176 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *