за

NIU N1S: Електроскутер со преносни батерии и сателитско лоцирање

Кинеската марка електрични скутери NIU стартува со продажба и на европскиот пазар. Прв модел е N1S Civic со електромотор од Bosch интегриран во задното тркало, со 3,3 КС и вртежен момент од 110 њутнметри. Посебноста на електричниот скутер со досег до 70 километри е отстранливата батерија. Таа тежи десет килограми и може за полнење да се однесе дома или в канцеларија.

Диск сопирачките при активирање враќаат до десет проценти од кинетичката енергија и на тој начин ја полнат батеријата. Со вградениот модул GPS/GSM, скутерот може да се поврзе со паметен телефон и во секое време да се лоцира, на пример во случај на кражба. Следењето на сателитскиот сигнал сепак зависи од локалниот дистрибутер. Преку мобилната апликација може да се води евиденција за извозениот пат и други возни податоци. Во случај на дефект, апликацијата може да ја отчита меморијата за грешки во скутерот.

Цената на NIU N1S Civic на европскиот пазар изнесува 2.700 евра. Производството се одвива во кинескиот Чанжу, во фабрика со површина од 20.000 метри квадратни и годишен капацитет за 1,5 милион возила.

[FAG id=25934]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Американски возач докажува дека бетонот не се пробива со автомобил

Volkswagen ID.

Електромобилите во 2023 ќе чинат колку бензинeц, ветува Volkswagen