127
37 shares, 127 points

Брегзит се ближи, неизвесноста расте. Nissan реши следната генерација на СУВ-моделот X-Trail за европскиот пазар да ја произведува во Јапонија место во Англија.

Јапонската марка Nissan ќе ја произведува следната генерација на СУВ-моделот X-Trail за европскиот пазар во Јапонија место во Англија. Неколку седмици пред излегувањето на Велика Британија од ЕУ, коешто ќе се случи на 29-ти март, Nissan соопшти дека производството на следниот X-Trail ќе се одвива целосно во фабриката во Кјушу.

Оваа одлука не се однесува на производството на популарните кросовери Juke и Qashqai, коешто продолжува во фабриката во Сандерленд, на североистокот на Англија. Од Сандерленд излегува и Nissan Note, најпродаваниот електричен автомобил во Европа.

Тројката кросовери на Nissan: Juke, Qashqai и X-trail

Џанлука де Фики, шеф на Nissan во Европа, коментира: „Бидејќи X-Trail веќе се произведува во Јапонија, можеме да ги смалиме нашите инвестициски трошоци. Неизвесноста околу идниот однос на Обединетото Кралство кон компаниите од ЕУ, како што е нашето, воопшто не ни помага при планирањето на иднината.“

Пратеничката од опозициската лабуристичка партија Џули Елиот најави дека ќе преземе се’ да се зачуваат работните места во Сандерленд. „Растечка неизвесност, хаотична влада. Ништо од тоа не помага да се охрабрат инвестициите во оваа земја,“ објави таа на твитер.

Актуелниот модел започна да се произведува во Велика Британија во 2016 година.

Најпродаваниот автомобил во Норвешка вози на струја: Nissan Leaf

Снегот е само зимски украс за оваа лимузина на Nissan

Најпродаван во Јапонија е … Nissan Note, по малку електричен

Британските возачи најзадоволни од Suzuki


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

127
37 shares, 127 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *