за

Nissan Xmotion како стилска вежба за идниот Qashqai

Nissan Xmotion

Nissan го прикажува идниот дизајнерски правец на марката преку студијата на компактен кросовер со шест седишта. Nissan Xmotion има премиера на салонот во Детроит, кој се одржува до 28-ми јануари.

Концептот Nissan Xmotion го покажува идниот изглед на кросоверите од марката. Највпечатливи детали се предните светла во форма на потковица и ново толкување на карактеристичната V-маска, заедно со агресивно стилизирани отвори за воздух отстрана.

Nissan Xmotion 3

Вообичаено за студиските автомобили, Xmotion стои на џиновски бандажи од 21 инч. Отстранливиот „делфин“ на покривот е составен дел од концептот на автомобилот. За изгледот на задните светла, дизајнерите се инспирирале од јапонските мајстори за дрво. Седиштата се поставени во конфигурација 4+2, со засебни седишта во три реда – четири седишта за возрасни патници и две за деца.

Nissan Xmotion се повикува на јапонската традиција и култура

Внатрешноста исто така влече корени од Јапонија, конкретно од типичниот крајолик на островската земја и од занаетчиската умешност. Технологијата на автономно возење не смее да отсутвува, имајќи предвид дека Nissan вложува многу во нејзиниот развој. Дизајнерите имале намера да ја пренесат сликата на поток што тече по подот, со средишна конзола што го премостува истиот.

Nissan Xmotion 6

Главниот елемент во кабината е примената на традиционалната столарска техника наречена канава цуги, којашто вобичаено се користи кај храмовите. Наспроти тоа, изгледот на арматурната табла е модерна интерпретација на традиционалната постапка на обработка на дрво, наречена кигуми.

Внатре се наоѓаат дури седум дисплеи: Три главни дисплеи се поставени средишно, по еден на секој крај од таблата, еден како дигитален ретровизор и еден дисплеј во средишната конзола. Стандардно за концептните автомобили, ракувањето со повеќето функции во возилото се врши преку гестикулација, но и со движење на погледот.

[FAG id=30503]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus LF-1 Limitless

Lexus LF-1 ги носи кросоверите во нова димезија

honda accord avtomobil 2018 godina severna amerika

Honda Accord со титула на автомобил на годината во Детроит