Тјунинг

Nissan Qashqai е најбрзиот СУВ во светот: 382,6 km/h

Nissan Qashqai ја стекна титулата на најбрз СУВ во светот, постигнувајќи крајна брзина од 382,6 km/h. Секако дека станува збор за екстремен тјунинг. Од 2.000 КС друго и не може да се очекува

Nissan Qashqai не е автомобилот во когошто веднаш се препознава брзински рекордер. Но, затоа Nissan е марката од којашто тоа е сосема очекувано. Овој екстремно тјуниран Nissan Qashqai ја стекна титулата на најбрз СУВ во светот, откако ги одмери силите со конкурентите на традиционалниот собир VMax 200 во Англија.

Преработката од семеен транспортер во нисколетачки проектил е дело на тјунерската работилница Severn Valley Motorsport. Нивното име досега го среќававме кај уникатните преработки на база на Nissan GTR. Експертите за тјунинг работеа паралелно и на Qashqai. Во претходната фаза беше достигната моќност од 1.100 КС, којашто на техничарите на Severn Valley им се виде „недоволна“. Очигледно дека тие биле во право, затоа што со новите турбополначи, моќноста порасна речиси двојно, на 2.000 КС.

До објавувањето на снимката од новиот подвиг на SVM Nissan Qashqai, за потсетување:

Целта беше да се симне од тронот Toyota Land Cruiser, тјунирана на 2.000 КС. Лани во мај, големиот теренец постигна нешто повеќе од 370 километри на час. Qashqai во изведба на Severn Valley постигна многу повеќе од тоа. Новиот рекорд е 237,8 милји на час, односно 382,6 километри на час.

Кросоверите му донесоа на Nissan раст од 12% во продажбата

Nissan Xmotion како стилска вежба за идниот Qashqai

Како работи моторот со променлива компресија на Nissan

Porsche 911 GT3 RS постави нов рекорд на Нирбургринг

Може едно „тјунирање“ на Tesla Model S?

Tags

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730