за

Британците ценат дека Nissan Qashqai е нивниот најдобар автомобил

Nissan Qashqai News UK izbor

Автомобилските експерти од изданијата „Тајмс“, „Сандеј Тајмс“ и „Сан“ го прогласија Nissan Qashqai за најдобар автомобил од британска продукција

Nissan Qashqai, најпродаваниот кросовер во Велика Британија и автомобилот што создаде цел нов сегмент, прогласен е за најдобар автомобил од британска продукција во премиерното издание на „News UK Motor Awards 2018“. Тоа е заслужено признание за моделот што помогна во закрепнувањето на автомобилското производство во земјата, од неговото деби во 2007 година.

Nissan Qashqai е еден од моделите што го поттикнаa создавањето на денешниот сегмент на СУВ-модели за европскиот пазар

Qashqai е најпродаваниот модел на Nissan на европска почва во историјата. Алекс Смит, генерален директор на огранокот на јапонската марка во земјата: „Особено сме горди на фактот што Qashqai е дизајниран, конструиран и произведен во Велика Британија.“

Првата генерација на Nissan Qashqai

Кросоверот имаше темелно освежување лани, а годинава пристигнаа и нови бензински мотори, исто како и нова генерација на инфо-забавниот систем NissanConnect. Од 2007 година, во Сандерленд се произведоа над три милиони примероци од моделот. Актуелната, втора генерација на Qashqai, по стартот во 2014 година стана најбрзо продавано возило од британска продукција, надминувајќи половина милион произведени примероци за само 21 месеци.

Како Qashqai го врати Nissan меѓу големите играчи на автомобилската сцена

Nissan Xmotion како стилска вежба за идниот Qashqai

Едномилионитиот Nissan Juke произведен во англиската фабрика

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Kodiaq GT

Купе-изведба Skoda Kodiaq GT ексклузивно за Кина

Mercedes Platz otvoranje, Мерцедес

Мерцедес доби плоштад во Берлин