за

Nissan Pulsar доби пакет за спортско разубавување

Nissan Pulsar не е еден од автомобилите што предизвикуваат забрзување на пулсот – барем до појавувањето на Pulsar Nismo. Производителот сега нуди специјален спортски пакет што му додава душа на конкурентот на Golf.

Марката со спортските автомобили Nissan отсега нуди спортски пакет што внесува малку повеќе душа во изгледот на компактот Pulsar. Во пакетот спаѓаат карбонска фолија на покривот и на ретровизорите, црна боја за долната половина од предниот праник и црвена лента на долниот отвор за воздух. Заедно со тоа следува проширување на трагата на предната и задната оска со користење на дистанцијали од 40 милиметри. Спортскиот стил го нагласуваат дневните диодни светла, а како заокружување на целината пристига звукот од спортскиот издув на Remus.

Спортскиот пакет може да се комбинира само со повисоките нивоа на опрема N-Tec и Tekna, во комбинација со сите мотори што се достапни за овие нивоа. Цената за пакетот и за монтажата на пакетот кај дилерите на Nissan низ европските земји е за околу 1.500 евра пониска отколку при одделна нарачка на „состојките“ на пакетот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lada Vesta: Русинка со француски акцент

Toyota со три футуристички концепти на салонот во Токио