за

Patrol беше првиот Nissan од Европа пред 35 години

Nissan Patrol 35 godini

Nissan Patrol одбележа голема пресвртница за јапонската марка, како нејзин прв модел произведен во Европа. Во одредени периоди, половина од продажбата на теренци во Шпанија отпаѓаше само на Patrol

Nissan во 1983 година започна со производство на Patrol во фабриката Зона Франка во близина на Барселона. Тоа беше прва фабрика на јапонската марка во Европа. За 18 години, до 2001 година, од фабриката излегоа 196.000 примероци од возилото што беше еден од синонимите за класично теренско возило.

Десет години подоцна се придружи Nissan Terrano II, кој до мај 2005 година постигна продукција од 375.000 примероци. На негово место дојдоа Pathfinder и првата верзија на пикапот со име Navara.

Nissan Patrol GR SGX D

Со почит за теренската икона: Nissan Patrol паркиран пригодно на земја, место на асфалт

Patrol постигна впечатлив успех на шпанскиот пазар, особено во 1988 година, кога секој втор продаден теренец во земјата беше Nissan Patrol. Конкурентот на Mitsubishi Pajero, уште една теренска легенда, се испорачуваше на пазарите ширум Европа, но се извезуваше и во Ангола, Аргентина, Нова Каледонија, Танзанија и Уругвај. Љубителите на релито го помнат Nissan Patrol Fanta Limon, кој учествуваше на релито Париз-Дакар во 1987 година.

Од фабриката во којашто некогаш се произведуваа Nissan Patrol и Terrano II, денес излегуваат три пикапи на иста основа

Nissan Pathfinder и Navara се произведуваа во Барселона до јули 2015 година, заменувајќи се со новата генерација на Navara. Во 2017 година се придружија пикапи од уште две марки, Renault Alaskan и Mercedes-Benz X-Class, кои имаат заедничка основа и техника.

Јапонската марка досега има произведено 3,7 милиони возила во Шпанија, вклучувајќи го електричниот транспортер e-NV200, кој оттаму се испорачува глобално. Според евиденцијата на Nissan, моментно низ светот се возат повеќе од 37.000 примероци од Patrol.

Вака се тјунира пикап за пробивање по теренот: Nissan Navara Off-Roader AT32

Mercedes X-Class и Renault Alaskan: Пикапите се новите теренци?

Nissan Qashqai со бензински мотор од Mercedes A-Class

Британците ценат дека Nissan Qashqai е нивниот најдобар автомобил

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bosch konceptno vozilo CES 19

Вака изгледаат „градските автобуси“ на иднината

Porsche superbrzi polnaci start

Струја за сто километри со само три минути полнење