за

Nissan нуди доставно возило со „знак“ на Kangoo

Nissan NV250

Renault Kangoo беше добар како основа за Mercedes Citan, добар ќе биде и под знакот на партнерот Nissan. Под моделската ознака NV250, познатото мултипрактично возило пристига во Европа во септември.

Nissan денес го најави новиот NV250 како „совршен компактен ван за малите бизниси со големи аспирации“. Очигледно се работи за Renault Kangoo, кој заедно со неколку преправки во изгледот, отсега ќе вози и под знакот на јапонската марка. Изобилството од моделски изведби што ги поседува Kangoo, веројатно ќе го нуди и NV250. Тоа значи дека освен за професионална примена, овој сенаменски автомобил честопати ќе се избира и поради практичноста што може да ја понуди во секојдневието, на пример, на спортистите со гломазна опрема или на луѓе со активен животен стил.

Тоа што марката Nissan го „вградува“ во NV250 се петгодишната гаранција – или до 160.000 километри – како и услугите за мобилност, кои исто така се важни кога бизнисот е во прашање. Гамата ја сочинуваат три варијанти на 1,5-литарскиот дизел и неколку различни изведби на кабината, две должини на каросерија и различни преработки. „Јапонско-францускиот кенгур“ ќе биде достапен како фургон, во патничка изведба или како комби.

Носивоста изнесува 800 килограми, моторите исполнуваат Euro 6d-Temp, со што нема пречки за достава во централното подрачје во повеќето европски градови што посебно го регулираат тоа.

Nissan со мини-салон на најпрометно место во Париз

Nissan Dayz е малечко, но доволно големо да вози само

Во овие форми се крие следната генерација на Nissan Qashqai

Renault, Nissan и Mitsubishi стануваат рамноправни партнери

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lightyear One

Холанѓани најавуваат електромобил со соларни ќелии

Opel Grandland X

Opel Grandland X со специјална понуда за македонскиот пазар