129
18 shares, 129 points

Теренот е една од средините во кои Nissan Navara се снаоѓа најдобро и Аутомотив Груп секако дека не ја пропушти можноста да изведе спектакл од претставувањето на новиот модел на падините на Бистра.

Увозникот Аутомотив Груп има нова ѕвезда во својата моделска понуда и соодветно и оддаде чест за тоа со предизвикувачка теренска тура. Долг карван предводен од новата Navara, вклучувајќи повеќе модели на Nissan, викедов се соочуваше со сите можни предизвици по планината Бистра, оправдувајќи ги причините зошто јапонскиот специјалист за терен со толкава гордост го пушта новиот пикап во продажба.

Од новиот Nissan NP300 Navara не се очекуваше ништо друго освен да постави нови стандарди во сегментот на пикапи со носивост до еден тон, што секако дека не е случајност покрај над 80-годишната традиција на марката во конструирање и производство на издржливи и напредни возила од овој сегмент.

Пикапот на Nissan напредуваше во правец на спортските теренци на марката

Најголемиот напредок на Navara е во комфорот во возење и во префинетоста на спортски теренец, како надоградување на вродените таленти на пикапот на Nissan за возење по терен. Пикапот користи робусна и издржлива шасија, со низа подобрувања и примена на иновативни технолошки постапки со коишто се унапредени возните својства во сите услови на примена, како и практичноста на возилото.

nissan navara bistra 00021

Сегментот на пикапите долго време се опираше на воведувањето нови стандарди на комфор и безбедност и се ориентираше првенствено кон практичноста, но со текот на развојот на новите технологии се овозможи тие да достигнат ниво на цени што сега дозволува нивна примена и кај овие работни возила. Соодветно на тоа се случува вистинска револуција во сегментот и Navara го покажува тоа меѓу другото со систем од камери кои го прикажуваат возилото озгора или систем за самостојно запирање при опасност од судир. Обата иновативни система потекнуваат од понудата на кросовери и спортски теренци на Nissan.

Во пресрет на специфичните барања на корисниците излегуваат темпоматот, системите за помош при поаѓање на нагорнина и за олеснување на спуштањето по стрмен терен, но и комфорните ставки, како можност за пристап без клуч или паркинг-сензори.

Оска со повеќе водилки за повеќе комфор кај верзијата со двојна кабина

Повисоко ниво на комфор и подинамични возни својства нуди верзијата на Navara со двојна кабина, кадешто Nissan користи новодизајнирана задна оска со пет водилки, којашто меѓу другото е полесна за 20 килограми во споредба со претходникот. Наспроти тоа, верзијата со продолжена единечна кабина се базира на принципот на листести пружини за задната оска. Модификациите кај новиот модел доведоа заштеда од 7 килограми во тежината на пружините, додека промените во конструкцијата се погрижија за унапредување на теренските својства и намалување на звукот од подлогата.

nissan navara bistra 00013

Внатре пречекува комплетно нов дизајн и средина што не заостанува зад спортските теренци на марката, а воедно придонесува и за попросторно чувство во кабината. Промени се воведени и во седиштата, кои нудат подобрен комфор и ергономски правилна форма со примена на иновативни технологии. Достапни се автоматски клима уред со контрола во две зони, вентилација и за задниот дел од кабината, како и нова задна клупа за покомфорен престој на патниците.

Дизајнирана и конструирана посебно за европските купувачи, NP300 Navara во изгледот нуди комбинација на робусна појава со динамичен и впечатлив стил. Произведуван во фабриката во Шпанија, пикапот ја прикажува припадноста во моделското семејство на Nissan преку маската V-Motion и диодните дневни светла со форма на бумеранг.

Премиера на двојно турбонатполнење во сегментот во верзијата со 190 КС 

Срцето на NP300 Navara е нов 2,3-литарски дизел, со потрошувачка намалена за 24 проценти во споредба со претходникот. Моторот е достапен во стандардна верзија со 163 КС и верзија со двојно турбонатполнење и 190 КС, што е премиерно во сегментот на пикапите. Купувачите и натаму имаат широк избор од варијанти на пренос на силата, вклучувајќи погон назад или на сите тркала, како и избор на шестстепен мануелен менувач или автоматски менувач со седум степени.

nissan navara bistra 00020

Со промените во шасијата, носивоста е зголемена на над еден тон во целата гама, додека во поглед на максималната тежина на приколка немаше што да се подобрува, тука Navara веќе нуди 3,5 тони. Приспособливоста на товарната површина за прицврстување на најразлични предмети е наследена уште од претходникот, но и унапредена со неколку иновации и можности за прицврстување на товарот. Верзијата со двојна кабина има товарна површина подолга за 67 милиметри, која со сегашните 1.578 милиметри го нуди максимумот меѓу пикапите со двојна кабина. Изведбата со продолжена единечна кабина секако дека располага со уште подолга товарна површина, со 1.788 милиметри.

Ценовникот за Navara стартува од 33.400 евра за основната верзија, со продолжена единечна кабина и мотор со 163 КС, додека верзијата со двојна кабина почнува од 34.500 евра. Цените се однесуваат на верзиите со погон на сите тркала. Посилната верзија на моторот, со 190 КС, достапна е во комбинација само со двете највисоки нивоа на опрема и само во изведба со двојна кабина. Уште во основното ниво на опрема Visia следуваат контрола на стабилност, асистенција при поаѓање по нагорнина и стрмен спуст, блокада на задниот диференцијал, клима уред и радио со команди на волан.

Nissan Navara со теренско крштевање на Бистра

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Like it? Share with your friends!

129
18 shares, 129 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730