130
18 shares, 130 points

Nissan и Uber договорија испорака на 2.000 примероци од електричниот Nissan Leaf. Возилата ќе бидат достапни за сите возачи во пошироката територија на Лондон, кои нудат превоз преку апликацијата на Uber.

Uber ќе пушти 2.000 примероци од електричниот Leaf во поширокиот регион на Лондон, како дел од сопствениот „План за чист воздух“. Заради натамошно подобрување на квалитетот на воздухот во Лондон, Uber им плаќа на возачите по 15 пени од милја (околу 7 дени од километар) со цел да ги поттикне возачите да се префрлат на електрични возила.

Во првата година, компанијата за оваа цел им подели на возачите вкупно 80 милиони фунти, додека во следните години се очекува сумата да се зголеми на повеќе од 200 милиони фунти.

Планот е до 2025 година сите возачи на Uber во Лондон да користат електрични автомобили

Nissan Leaf се произведува во британската фабрика во Сандерленд и располага со батерија од 40 kWh, којашто овозможува реален досег до 270 километри. Производителот организира посебна програма за обука за возачите на Uber, а секако дека и ги нуди возилата по повластена цена и има разработено посебен план за маркетинг, со цел да го поттикне преоѓањето на чистиот погон. До 2025 година се планира сите 45.000 возачи на Uber во Лондон да користат електрични возила.

Во зависност од километражата, возачите постигнуваат заштеда од 4.500 фунти (5.340 евра) со преоѓањето на електричен погон.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

130
18 shares, 130 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *