151
20 shares, 151 points

Во чест на титулата на најпродаван електричен автомобил во Европа за лани, Nissan Leaf пристига во две специјални моделски изведби; Едната доаѓа со 217 КС и досег продолжен на 385 километри, достапна за само 5.000 купувачи

По потврдувањето на титулата за најпродаван електричен автомобил во Европа за 2018 година, јапонскиот електро-специјалист воведува две нови моделски изведби во семејството на Nissan Leaf. Посебната моделска изведба се води под ознаката Leaf 3.Zero и доаѓа со дисплеј од 8 инчи во кокпитот, со нови функции на конективност, меѓу другото и со танакаречена навигација „од врата до врата“. Батеријата на Leaf 3.Zero е стандардната од 40 kWh.

Многу посуштински новитети следат кај втората моделска изведба, којашто верно на ознаката Limited Edition, и важната додавка e+,  ќе се понуди во серија од само 5.000 примероци во Европа. Моќноста на електромоторот е зголемена на 217 КС, а се вградува и батерија со различна технологија и поголем капацитет, кој дозволува досег до 385 километри според новата норма WLTP.

Nissan Leaf 3.Zero e+ Limited Edition вози до 100 километри подолго со едно полнење

Батеријата во Leaf 3.Zero e+ Limited Edition располага со 25% поголема енергетска густина и 55% зголемена капацитет во споредба со батеријата од 40 kWh кај обичниот модел. Батеријата на специјалниот модел поседува 288 ќелии, наспроти 192 ќелии, што резултира со капацитет од 62 kWh. Производителот наведува дека досегот се продолжува за 100 километри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Двете нови моделски изведби Leaf 3.Zero поседуваат e-Pedal и ProPilot. Кај првиот систем станува збор за можност возачот да ја контролира брзината на возење, вклучувајќи го и сопирањето, само со користење на педалот на акцелераторот. При отпуштање на педалот, возилото едноставно почнува да сопира, исто како да се притиска на педалата за сопирање. Според Nissan, тоа значително го олеснува возењето. ProPilot, пак, во основа е автопилот, кој првенствено е наменет да се користи на автопат. Возилото самостојно запира, поаѓа и ја следи сообраќајната лента.

Од премиерата на првата генерација на Leaf во 2010 година се продадени близу 400.000 примероци

Nissan Leaf лани се продаде во повеќе од 39.000 примероци на европскиот пазар. Од лансирањето на првата генерација во 2010 година, вкупната продажба има надминато 380.000 примероци, што на Leaf му носи титула на најпродаван електричен автомобил во историјата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Цената за Nissan Leaf 3.Zero стартува од 40.000 евра, додека лимитираната верзија со досег до 385 km чини 45.500 евра. Во овие цени не се вклучени субвенциите, кои поголемите пазари во Европа ги нудат речиси без исклучок и во одредени случаи достигнуваат до 10.000 евра, како на францускиот пазар.

Електро-шампионот Nissan Leaf доби спортска верзија

Nissan Leaf со 18.000 продадени примероци до јуни

Од сонце директно во батеријата на Nissan Leaf и во домот

Во Јапонија возат над 100.000 електрични автомобили Nissan Leaf

Nissan Leaf добива нови батерии по цена од 2.300 евра

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
20 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *