139
25 shares, 139 points

Сопствениците на Nissan Leaf во Јапонија можат да ги заменат старите батерии од својот електричен автомобил со нови батерии, по релативно достапна цена. Со „нова“ батерија, електричните автомобили стануваат попривлечни на пазарот на користени возила, а и старите сопственици се радуваат на повисоката продажна цена.

Стартувајќи од мај, сопствениците на електричниот Nissan Leaf ќе можат да ги заменуваат старите батерии со ослабнат капацитет, со „нови“ батерии. Наводниците се поради тоа што не станува збор за комплетно нови батерии, туку за рециклирани батерии. Nissan ја нуди оваа услуга по започнувањето со работа на фабриката на компанијата 4R Energy, којашто е заедничка инвестиција со корпорацијата Sumitomo.

nissan leaf 10000 naracki
Вклучувајќи ја претходната генерација, Nissan Leaf досега се има продадено во повеќе од 300.000 примероци. Втор модел со погон на струја е комбито e-NV200, ќе има уште 

Nissan ја стартуваше оваа програма имајќи предвид дека продажбата на електрични автомобили расте, а тоа значи дека во иднина соодветно ќе расте и бројот на користени батерии коишто имаат ослабнат капацитет и повеќе не може да се користат во електричен автомобил. Преку искористувањето на компонентите од старите батериски модули се намалуваат трошоците за производство, а тоа значи дека се намалува и цената за замена на старите батерии со нови. Тоа им дава поголема пазарна шанса и им обезбедува повисока продажна цена на користените електрични автомобили.

4R Energy е првата фабрика во Јапонија што е специјализирана за рециклирање на литиум-јонски батерии од електрични автомобили

Рециклирана батерија со капацитет од 24 киловатчасови ќе се продава во Јапонија по цена од 300.000 јени, односно околу 2.300 евра. Во блиска иднина ќе бидат достапни и батерии со повисок капацитет. Има цени и за комплетно нови батериски модули за Nissan Leaf: Батерија од 24 kWh чини 650.000 јени или близу 5.000 евра, за 30 kWh се потребни 6.100 евра, додека 40 kWh чинат 6.250 евра. Секако дека постои драстична разлика во цената, рециклираните батерии се двојно поскапи од новите.

Nissan е светски шампион во електричните автомобили, со повеќе од 300.000 продадени примероци само од Leaf. Неодамна компанијата најави осум нови модели со електричен погон до 2022 година.

Nissan Leaf минува над 400 километри на струја

Над 10.000 нарачки за Nissan Leaf за само два месеци

Новиот Nissan Leaf го обележува триумфот на електричната мобилност

Батериите на Nissan Leaf по пет години „држат“ само 90 километри

Една педала му е доволна на новиот Nissan Leaf

Преку вртење педали до попуст за Nissan Leaf

Стари батерии од Nissan Leaf ќе обезбедуваат струја за Амстердам Арена


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

139
25 shares, 139 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743