за

Електро-шампионот Nissan Leaf доби спортска верзија

Nissan Leaf Nismo

Одделението за брзини и тркачка возбуда Nismo подготви спортски пакет за електричниот Nissan Leaf. Нема повеќе коњски сили, но има „спортски“ компјутер

Најпродаваниот електричен автомобил на светот првпат добива спортска верзија. Nissan Leaf Nismo стартува со продажба на 31-ви јули, на јапонскиот пазар. Куќните специјалисти за брзини и мотоспорт овојпат не извлекоа дополнителни коњски сили, но затоа вградија нова логика на контролната електроника, којашто овозможува поубедливо забрзување. Со тоа одат пошироки и пониски гуми, стегнато подвозје и надворешни и внатрешни елементи во спортски стил.

Nissan Leaf Nismo 1

Електромобилот им се придружува на March Nismo, Note Nismo, 370Z Nismo, GT-R Nismo и Serena Nismo, кои од основањето во 2013 година го минаа третманот на спортското одделение на Nissan

Долниот раб на предниот браник го сочинуваат карактеристичните двојни ламели на Nismo, коишто го подобруваат потисокот врз предната оска. Бандажите од 18 инчи имаат посебен дизајн и произедуваат понизок отпор на воздух.

Nissan Leaf Nismo 2

Во внатрешноста пречекуваат трикрак волан со централна положба обележана со црвена боја, карбонска облога околу инструментите и бирач на програмите за возење изработен во матиран хром.
Гумите Continental Conti Sport Contact 5 се грижат за добар контакт со подлогата, а покрутото подвозје овозможува поголема динамика во возењето. Управувањето и програмата за стабилност се сменети за новите спортски аспирации на Leaf.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Средство за стакло

Средството за стакло не е толку неважно: Тест на 10 производи

McLaren Senna, Amalgam

Овој McLaren Senna чини 7.000 евра и служи како украс