за

Nissan Leaf со 18.000 продадени примероци до јуни

Nissan Leaf najprodavan evropa

Nissan Leaf е најпродаван електричен автомобил во Европа во првата половина од годинава

Повеќе од 18.000 примероци од втората генерација на Nissan Leaf се регистрирани во Европа од почетокот на годинава до крајот на јуни. Откако продажбата на електричниот компакт стартуваше во ланскиот октомври, на европскиот пазар се испорачани над 37.000 примероци од Leaf.

Автомобилите на алијансата Renault-Nissan остануваат омилен избор на европските возачи, кога станува збор за погонот на струја. Nissan Leaf практично го замени местото со Renault Zoe. Со поголема батерија во споредба со претходникот, со капацитет од 40 kWh, соодветно се зголеми и досегот. Според новата и построга норма WLTP, реалниот досег изнесува 270 километри.

Со електричниот погон следуваат и неколку иновативни технологии, како полуавтономно возење Nissan ProPilot, автоматско паркирање ProPilot Park или e-Pedal, како можност за регулирање на брзината само со користење на една педала. Дури 72% од купувачите го избрале системот ProPilot, којшто се вградува како доплата.

Со европската шампионска титула се потврдува и титулата на Nissan Leaf како најпродаван електричен автомобил на планетава. Од стартот на продажбата на првата генерација во 2010 година, испорачани се над 340.000 возила. Речиси една третина од вкупната продукција вози по европските патишта. Неодамна беше регистриран стоилјадитиот примерок од Leaf во Европа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Aston Martin Volante Vision Concept

Лускузното возење во иднина ќе се одвива по небото

Средство за стакло

Средството за стакло не е толку неважно: Тест на 10 производи