за

Nissan Leaf почна да се продава и во Латинска Америка

Nissan LEAF 2020 Латинска Америка
Nissan LEAF 2020 Латинска Америка

Пионерот на електромобилноста Nissan започна со продажба на актуелниот Leaf на четирите најголеми автомобилски пазари во Јужна Америка: Аргентина, Бразил, Чиле и Колумбија.

Најпродаваниот електричен автомобил во историјата отсега ќе им ги овозможи предностите на погонот на батерија и на возачите во Латинска Америка. Nissan Leaf ќе убедува со моќни перформанси, висока ефикасност при нулта емисија на штетни материи и напредна технологија, од типот на возење преку само една педала.

Од стартот во 2010 година, досега се продадоа повеќе од 400.000 примероци од Nissan Leaf на светскиот пазар. Јапонскиот производител почна да ги подготвува пазарите во четирите земји за електричниот Leaf уште пред крајот на минатата година.

https://www.instagram.com/p/B0GgvtaAvIB/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

peugeot 208 nov

Новиот Peugeot 208 стартува од 15.500 евра во Франција

mercedes eqc displej електрични автомобили

Триесет електрични модели моментно во понуда: Старт од 15.900 евра