158
30 shares, 158 points

Пред десет години Nissan си постави цел, емисијата на СО2 од новите автомобили да ја намали за 90% до 2050 година. Појавувањето на Nissan Leaf беше главниот дел од стратегијата за постигнување на целта. Паралелно се работеше и на развој на систем за интегрирање на електричниот автомобил во напојувањето на домот со електрична енергија, за потрошувачите во домот да можат да ја црпат енергијата од батериите на Leaf, на пример, во време на скапата тарифа.

Во меѓувреме почнува и примена на старите батерии од електричните автомобили во стационарен систем за напојување со енергија, а на домашниот пазар се нудат и рециклирани батерии, за замена на старите батерии во Nissan Leaf по цена што изненади многумина.

Втората генерација на Nissan Leaf започна со продажба во октомври 2017 година. Пуленот на таканаречена интелигентна мобилност на Nissan, распололага со систем за автономно возење ProPilot, со самостојно паркирање ProPilot и со можност брзината возилото да се контролира со само една педала, преку e-Pedal.

Асако Хошино, потпретседател на Nissan, изјави по повод продажниот јубилеј: „Ерата на електричните возила започна. Како технолошки лидер, Nissan ќе продолжи да работи на иницијативите од интелигентната мобилност на Nissan, со цел да понуди производи и услуги кои ги надминуваат очекувањата на клиентите.“

Nissan неодамна најави дека до 2022 година ќе претстави три возила со електричен погон и пет модели со сопствениот хибриден погон e-Power.

Достигнувањата на Nissan Leaf на јапонскиот пазар

[tie_list type=”checklist”]

  • Декември 2010 · Започнува продажба на првата генерација на Nissan Leaf со батерија од 24 kWh и досег до 200 километри
  • Мај 2012 · Воведување на системот за интегрирање на електричните возила во струјното напојување на домот
  • Ноември 2012 · Досег зголемен на 228 километри
  • Септември 2013 · Вкупната продажба во Јапонија надмина 30.000 возила
  • Декември 2015 · Батерија од 30 kWh и досег од 280 километри
  • Октомври 2017 · Втора генерација на Nissan Leaf со батерија од 40 kWh и досег до 400 километри
  • Март 2018 · Вкупната глобална продажба надминува 320.000 примероци

[/tie_list]

Nissan Leaf добива нови батерии по цена од 2.300 евра

Nissan Leaf минува над 400 километри на струја

Над 10.000 нарачки за Nissan Leaf за само два месеци

Електричниот Nissan Leaf со летечки старт во продажбата

Батериите на Nissan Leaf по пет години „држат“ само 90 километри

Преку вртење педали до попуст за Nissan Leaf

Мадридското такси доби 110 електрични возила Nissan Leaf


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

158
30 shares, 158 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743