за

Nissan Leaf минува над 400 километри на струја

Nissan Leaf

Nissan Leaf е меѓу првите електрични автомобили што се тестирани според новиот циклус за мерење на потрошувачката. Циклусот WLTP (Worldwide Harmonized Light Duty Test Procedure) е построг во споредба со претходниот NEDC и прикажува вредности за потрошувачката што се поблиску до реалноста. Во случај на Nissan Leaf, вредностите се сосем пристојни: Досег до 415 километри.

Циклусот WLTP важи од ланскиот септември за сите нови модели и за сите видови на погон. Глобалниот стандард е развиен со цел да прикаже пореални вредности за потрошувачката на гориво, односно енергија и ги покрива сите ситуации во возењето, од градски сообраќај, до возење поа втопат. Во споредба со стариот NEDC, новиот циклус WLTP е подинамичен, со почесто сопирање и забрзување, а ја зема предвид и дополнителната опрема, односно зголемената тежина на возилото од истата.

Тестирањето трае половина час место 20 минути и се вози растојание од 23,5 километри. Возилото минува и помалку време во мирување, а просечната брзина е зголемена од 34 на 46,5 километри на час. Крајната брзина исто така расте од 120 на 131 километар на час.

Според просекот на европските возачи, Nissan Leaf може да се вози десетина денови во град без потреба од полнење на батеријата

WLTP се состои од четири стандардни циклуси, коишто се разликуваат главно во брзината на возење и симулираат различни профили на возење (град, отворен пат, автопат). Петтата фаза на тестот дополнително ги зема во предвид спецификите на плагин-хибридите и електричните возила. Во градскиот циклус се покажуваат предностите на овие возила, како што е повратокот на енергија при сопирање. За разлика од возилата со обичен погон, чијашто потрошувачка на гориво расте при градско возење, електричните возила доаѓаат во предност и постигнуваат подолг досег.

Според старата норма NEDC, за електричните возила се наведуваше само една вредност на потрошувачката на енергија. Новата норма WLTP прикажува две вредности, една за градско возење и една за возење во комбинирани услови. Со полна батерија од 40 kWh, новиот Nissan Leaf минува до 415 километри во град, додека во комбинирани услови, досегот изнесува до 285 километри.

Nissan ги паничи шеиците: Електрични автомобили во Дубаи

Хронологија на 70-те електрични години на Nissan

Топ 10 Најпродавани електрични автомобили во Европа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes a-class w177

Компакт класата отсега ќе се нарекува A-Class

car2go 3 million

Повеќе од три милиони луѓе низ светот користат Car2go