за

Новиот Nissan Leaf го обележува триумфот на електричната мобилност

Nissan Leaf

Досег зголемен на реални 300 километри, 40 минути за батеријата од 40 kWh да се наполни до 80 проценти и моќност од 150 КС. Овие бројки би требало да се решавачки за успехот на еден електричен автомобил. Новиот Nissan Leaf не треба да постигне ништо повеќе од претходникот. Тој веќе е најпродаван електричен автомобил во светот. Само е подобар.

Сé се одвива мазно околу светскиот шампион во електромобилност. Нема сонмежи дали производителот ќе успее да излезе во пресрет на големата пазарна побарувачка, ниту во политичката волја да ги поддржи сите промени што автомобилот ги носи во индустријата или во општеството. Првата генерација на Nissan Leaf немаше врвни вредности на капацитетот на батеријата, досегот или забрзувањето, ниту пак беше најдостапен електричен автомобил на пазарот. Но, успеа да стане најпродаван електричен автомобил во светот. Nissan Leaf сега влегува во втората генерација и носи значајни промени.

New Nissan Leaf G 40

Новиот Nissan Leaf нуди поголем досег, напредни технологии и настапува со динамична нота во дизајнот. Возачот добива асистенција од системот за автономно возење ProPILOT, а истата техника го пушта и возилото да паркира самостојно. Иновација во контролата на возилото носи e-Pedal, зголемена е моќноста на погонот, комфорот е зголемен. Коефициентот на отпор на воздух од 0,28 не е за превидување. ProPILOT во основата е радарски темпомат, којшто самостојно го одржува растојанието од возилата напред и ја следи поставената брзина од возачот (меѓу 30 и 100 km/h).

Преку e-Pedal возачот може да ја контролира брзината само со помош на педалата за гас

Една од повпечатливите иновации е e-Pedal, како дел од стандардната опрема. Возачот може да поаѓа, забрзува, сопира, запира и да го задржува возилото во место само со помош на педалата за гас. Nissan ветува дека овој изум ќе воведе револуција во начинот на возење. При отпуштање на педалата, автомобилот сопира постепено, со забавување од 0,2 g, до целосно запирање. Притоа нема потреба да се притиска педалот за сопирање.

New Nissan Leaf G 110

Главното внимание при развојот секако дека беше посветено на електричниот погон. Енергетската ефикасност е зголемена, исто како и вртежниот момент и моќноста. Новата погонска спрега испорачува 150 КС или за 38% повеќе од претходникот. Вртежниот момент е зголемен за 26 проценти, на 320 њутнметри.

И покрај повисоката моќност, досегот е зголемен. Новата лимиум-јонска батерија постигнува 375 километри според европскиот циклус, што во реални услови на возење би се свело на околу 250 километри.

Посилна верзија со подолжен досег и повисока цена следи во 2018

Батеријата зафаќа исто толку простор колку кај претходникот. Подобрувањата се во структурата на ќелиите во ламинираната литиум-јонска батерија. Енергетската густина е за 67% зголемена во споредба со моделот од 2010 година. Се интервенирало и во хемискиот состав на електродите, што исто така резултира со повисока енергетска густина. Профитира и трајноста на батеријата, односно бројот на циклуси на празнења и полнење пред батеријата да ослаби премногу.

Nissan Leaf во улога на дистрибутер на струја за домот

Со користење на системи за поврзување на возилото со домот, батеријата овозможува складирање на вишокот соларна енергија во текот на денот и нејзино искористување за снабдување на домот со струја во текот на вечерта. Сопствениците исто така можат да ја полнат батеријата на евтина ноќна тарифа и потоа да ја користат складираната енергија за снабдување на домот, со цел да се намали сметката за струја.

New Nissan Leaf G 120

Преку мобилната апликација може да се надгледува статусот на полнење, да се програира полнењето заради користење на евтина струјна тарифа, да се пронајде најблиската станица за полнење или кабината да се загрее или излади пред влегувањето во возилото.

Новиот Nissan Leaf со подобрена динамика во возењето во чекор со зголемената моќност

Во согласност со зголемената моќност на електромоторот, инженерите работеа и на подвозјето, со цел да се постигнат подинамични возни својства. Тешките компоненти, вклучувајќи ја батеријата, поставени се средишно, што резултира со пониски инерцијални сили, а оттаму и со подобри возни својства во свијоци.

New Nissan Leaf G 80

Со нов софтвер и стабилизатор поцврст за 10%, електричното сервоуправување треба да понуди полинеарно чувство и подиректна повратна информација од подлогата. Покрај тоа, уретанскиот бафер во задната суспензија е заменет со гумен, што води кон ублажување на ударите од подлогата при возење по нерамна подлога. Nissan Leaf располага и со интелигентен систем за контрола на испораката на вртежен момент од електромоторот во свијоци. Тоа ги намалува вибрациите и во исто време ги подобрува комфорот во возење и управливоста на возилото.

Дизајнот на новиот Nissan Leaf црпи инспирација од концептниот IDS

Во дизајнот преовладуваат чисти и едноставни линии, во комбинација со робусна и издолжена силуета, што треба да создаде впечаток за високотехнолошки производ. Маската V-Motion, „бумерангот“ во графиката светлата и покривот што остава впечаток како да лебди над возилото се елементи што Leaf ги дели со останатите модели на Nissan. Графиката во маската е завршниот детал што укажува дека станува збор за електрично возило.

New Nissan Leaf G 70

Во кабината е присутен синиот штеп, како заштитен знак на електричните возила на Nissan. Тој се забележува на седиштата, на вратите, потпирачот за рака и на воланот. По притискањето на синото копче за старт се прикажува „воведен филм“, кој секогаш треба да го потсети возачот на возбудата во возењето електричен автомобил.

Новата „хемија“ во ќелиите овозможи поголем капацитет при непроменета големина на батеријата

Сите дисплеи и прекинувачи се редизајнирани. Највпечатчива е комбинацијата од аналоген брзиномер и мултифункцискиот дисплеј. Дисплејот од седум инчи на левата страна, во стандардниот режим ја прикажува ангажираната моќност. Во средишниот дисплеј се прикажува наполнетоста на батеријата, покрај вообичаените информации за радиото и навигацијата.

Иако капацитетот на литиум-јонската батерија е значително зголемен, димензиите на кабината останаа непроменети. Багажникот нуди 435 литри и сега располага со форма што овозможува целосно искористување на просторот.

Продажбата започнува прво на јапонскиот пазар, на 2-ри октомври. Испораките во САД, Канада и Европа следат во јануари.

Дополнителни фотографии од новиот Nissan Leaf

New Nissan Leaf G 10

New Nissan Leaf G 20

New Nissan Leaf G 30

New Nissan Leaf G 50

New Nissan Leaf G 60

New Nissan Leaf G 100

New Nissan Leaf G 90

New Nissan Leaf G 130

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Brabus 700

Brabus 700: Брутален бизнис бустер

Jaguar и Land Rover

Jaguar и Land Rover во тура за културна преобразба низ Македонија