за

Nissan Leaf е лесна мета за хакерски напади

Преку апликацијата за најпродаваниот електричен автомобил во светот, хакерите можат едноставно да го вклучат клима уредот и да ги испразнат батериите. Nissan во меѓувреме ја деактивираше апликацијата.

Мобилната апликација наменета за најпродаваниот електричен автомобил во светот Nissan Leaf е толку лесна за хакирање, што само со помош на бројот на шасија, буквално секој може да изврши хакерски напад врз возилото. Сопствениците на Leaf имаат можност преку оваа мобилна апликација далечински да ја контролираат климатизацијата во кабината и да повикаат одредени информации за возилото.

Познатиот експерт за ИТ-безбедност Трој Хант откри дека секој може да изврши „напад“ врз возилото, доколку сопственикот ја има активирано апликацијата. Потребно е само бројот на шасија да се прочита под ветробранското стакло. Производителот во меѓувреме ја деактивираше оваа апликација. Експертите се зачудени, како е можно производител од рангот на Nissan да дозволи користење на апликација без какво било овластување на пристапот до истата.

Апликацијата NissanConnect EV ги испраќа сите податоци од возилото без каква било идентификација, само преку бројот на шасија. Со лесно пробивање на шифрата што производителот ја користи за составување на бројот на шасија, на релативно едноставен начин може да се открие бројот на шасија на сите произведени примероци  од Nissan Leaf и преку едноставен HTTP протокол да се прочитаат податоците од илјадници автомобили.

На тој начин може да се дознаат и наполнетоста на батериите, локацијата на возилото и податоците за потрошувачката на струја и времетраењето од последните возења. Најголемиот проблем е во тоа што може да се пристапи и до клима уредот во возилото и по желба да се игра со температурата во кабината во автомобилот на жртвата. Доколку возилото е паркирано, клима уредот може да се остави вклучен и батериите полека да се испразнат.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Caddy на метан вози сто километри за 160 денари

Работниците на Volkswagen со паметни часовници во фабричката логистика