за

Кросоверите му донесоа на Nissan раст од 12% во продажбата

nissan kicks prodazba

Nissan лани продал над два милиони кросовери и СУВ модели. За порастот од 12% има заслуга и Kicks, мини-кросоверот кој останува недостапен на европскиот пазар. За неколку месеци тој ќе стартува и во САД и Канада, што ќе донесе уште поголем раст во продажбата.

Светската продажба на кросовери и СУВ модели на Nissan лани надминала два милиони примероци. Покрај Rogue, X-Trail и Qashqai, голема заслуга за растот од 12% има и новиот Kicks. Мини-кросоверот моментно е достапен во Мексико, Латинска Америка и Кина, а наскоро стартува и на пазарот во САД и Канада. На светскиот пазар лани се продадени околу 110.000 примероци од малечкиот кросовер со звучно име.

Триото модели на заедничка платформа – Rogue, X-Trail и Qashqai – сочинува најголем дел од продажбата, со 1,38 милион примероци или за 10% повеќе отколку преклани. Убедлив пораст има во продажбата на Armada во САД и на Nissan Patrol на Средниот Исток, со +79,0% односно близу 80.000 примероци.

Во март започнува продажбата на QX50 со мотор со променлива компресија

Кај престижната марка Infiniti има одлични бројки во продажбата на QX30, со речиси двојно зголемување и вкупно 32.000 продадени примероци. Компактниот кросовер ја користи платформата од Mercedes GLA. Грамадата под ознака QX80 исто така постигнала солидна продажба, со над 21.000 примероци.

Во март стартува продажбата на новиот QX50, во чијашто понуда од погонски единици влегува и VC-Turbo, првиот сериски мотор со променлива компресија. За само пет години, продажбата во сегментот на кросоверите од средната класа се зголемил четирикратно во Кина и двојно во САД.

Како работи моторот со променлива компресија на Nissan

Nissan Xmotion како стилска вежба за идниот Qashqai

Катастрофални резултати од краш-тестовите на автомобилите за Азија и Јужна Америка

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen id vizzion

Volkswagen го прикажува идниот електричен топ-модел

New York Auto Show: The Coolest Car Tech So Far