за

Nissan откри дека младите се за лимузина, но тие не се во Европа

nisasn altima pretstsavuvanje
nisasn altima pretstsavuvanje

Nissan за кусо време додаде три нови лимузини во својата понуда. Тоа е необичен потег, во услови кога пазарот е ненаситен за СУВ-модели од секаква големина. Меѓутоа, постојат земји во кои класичната триделна каросерија и натаму се цени, па дури и меѓу помладите.

Истражување на Nissan во светски рамки покажа дека тројца од четворица возачи што моментно не поседуваат лимузина, размислуваат својот автомобил во иднина да го заменат со лимузина. Истото важи и за миленијалците, кај коишто овој процент достигна дури 80 проценти.

  • Анкетата беше спроведена на 11 избрани пазари: Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Јапонија, Малезија, Мексико, Тајланд, ОАЕ и САД. Во секоја земја одговараа по 1.000 испитаници.

Резултатите од анкетата само го потврдуваат тоа што го знаеја стратезите на јапонската марка. Лани Nissan ја претстави новата генерација на Altima, како глобален модел со спортска нишка. Шестата генерација на ова моделско име е прва лимузина во којашто е достапен делумниот автопилот на марката, познат како ProPilot. Уште подобар аргумент пред купувачите е достапноста на револуционерниот VC-Turbo, прв сериски мотор со променлива компресија.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во април следеше уште една лимузина, Sulphy, којашто имаше премиера на салонот во Шангај. Третата лимузина во низата ќе биде новата генерација на Skyline, чијшто пазарен старт во Јапонија се очекува наесен.

Клучните заклучоци од анкетата на Nissan спроведена на 11 пазари ширум светот:

  • 75% од возачите кои не поседуваат лимузина размислуваат за таков избор во блиска иднина

  • осум од десет миленијалци кои не поседуваат лимузина, би размислиле за класичната каросериска форма сега или во блиска иднина. Слично е кај генерацијата Z, со 68% од возачи кои би се решиле за лимузина

  • на возачите на лимузина не им е толку важна секојдневната рута. Седум од десет изјавиле дека уживаат да патуваат и да се впуштаат во авантури, додека 62% обожуваат природа и престој на отворено

  • Повеќе од 40% од сопствениците на лимузина ценат дека автомобилот ја претставува нивната личност. Една третина признаваат дека разговараат со својот автомобил, а исто толку возачи имаат смислено и име за него.

Односите меѓу Renault и Nissan повторно во мирни води

Nissan e-NV 200 е најпродавано електрично комбе во Европа

Додека овој Nissan вози, возачот може само да гледа пред себе

Русија започна со производство на новиот Nissan Qashqai

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford ги претвора пластичните шишиња во патосници

Ford изрaботува патосници од милијарда шишиња годишно

Cupra izgradba novo sediste

Започна изградба на седиштето на спортската марка Cupra