за

Фабрика во Јапонија работи на сонце и на батерии

nissan fabrika solar baterii

Корпорациите Japan Benex и Sumitomo стартуваат проект на фабрика на иднината, којашто дел од потребата од електрична енергија ќе го покрива со струја добиена од соларни панели, во комбинација со стари батерии од електричните возила на Nissan. Возниот парк во фабриката исто така ќе се состои исклучиво од електрични возила. Проектот ќе се одвива во матичната фабрика на Japan Benex во Исахаја.

Целта на „фабриката на иднината“ е да се промовира ефикасно искористување на енергијата, на начин што е одржлив за животната средина. Nissan ќе испорача 10 комбиња со електричен погон e-NV200.

Во зависност од моментната потреба од струја и од периодот во денот, дел од струјата од соларните колектори на покривот на фабриката ќе се акумулира во стари батерии од електричните автомобили на Nissan, коишто поради смалениот капацитет повеќе не можат да се користат во автомобил.

Јапонија му ја прикажува на светот целата слика на електромобилноста, не се менуваат само возилата, туку се воспоставува цел систем

Со искористување на енергијата од батериите во комбињата e-NV200, кога истите мируваат, како и на енергијата од старите батерии, ќе се стабилизира напојувањето со струја од сончевите колектори. Сметката се намалува и на тој начин што „сопствената“ струја ќе се користи во време на највисокото оптоварување на струјната мрежа, за време на „скапа“ струја. Батериите од десетте Nissan e-NV200 во фабриката исто така ќе бидат вклучени во системот за акумулирање енергија, откако по повеќе години ќе се намали нивниот капацититет.

Japan Benex и Sumitomo развија систем за користење во виртуелни електрани, чијашто примена во Јапонија ќе започне во 2020 година. Целта е преку „измислените“ електрани да се постигне оптимизација на времето за полнење и предавање енергија, во согласност со производството и потрошувачката на енергија во целиот регион.

Nissan Leaf добива нови батерии по цена од 2.300 евра

Nissan најавува осум нови електрични модели до 2022 година

Кросоверите му донесоа на Nissan раст од 12% во продажбата

Nissan Leaf минува над 400 километри на струја

Како работи моторот со променлива компресија на Nissan

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla model 3 proizvodstvo

Tesla Model 3 паузира од производствените ленти

самовозечки минибуси франкфурт

Самовозечки минибуси за студентите во Франкфурт