за

Nissan со мини-салон на најпрометно место во Париз

nissan City Hub Париз

На автомобилските марки денес им е поважно да бидат присутни таму кадешто има најголема раздвиженост, отколку да ја прикажуваат сета своја големина во скапи салони. На Nissan му е доволен „бутик-салон“, за само еден автомобил, но лоциран во Велизе 2, еден од најпосетените центри за шопинг во Париз.

Nissan го отвори својот прв „City Hub“ во светот во Париз. Јапонската марка се приклучува на општиот тренд во браншата, мали салони да се отвораат колку е можно подиректно до главните случувања и до главните движења на народот. City Hub се наоѓа во Велизе 2, во еден од главните центри за шопинг во француската и светска престолнина.

Според студијата на Bain & Company од 2017 година, половината од процедурата на купување автомобил завршува онлајн. Шест од десет купувачи решиле за марката, моделот и цената уште пред да влезат во салон. Nissan се приспособува на овие промени и го отвори својот City Hub во Париз, користејќи ја компактноста на салонот како предност и „поставувајќи“ го таму кадешто има најголемо движење на народот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Технологијата во салонот надоместува за ограничениот простор. Во City Hub се наоѓаат 88 метри квадратни под дисплеи и проекциски површини, а изведени се и пет засебни простори, во коишто се договараат деталите за возилото и условите за купување.

Целосно се менува продажниот концепт и пристапот кон клиентите со новиот тренд на мини-салони

Директно во салонот може со само пет кликнувања да се купи Nissan Leaf или Qashqai. Клиентите ги пречекува таканаречен амбасадор за интелигентна мобилност на Nissan. Тоа се посебно избрани лица, кои располагаат со солидни познавања од уметноста, музиката или ги следат последните технологии.

Не изненадува тоа што првото возило поставено во City Hub е Nissan Leaf, најпродаваниот електричен автомобил во Европа. По проширувањето на салонот наесен, клиентите ќе можат да ја разгледаат и понудата xStorage Home. Тоа се иновативни акумулатори за струја, кои „складираат“ енергија на пример при евтина тарифа или дење, доколку во системот се поврзани и фотоволтаички колектори. Во овие акумулатори се користат стари батерии од електричните возила на Nissan.

Концептот на парискиот Nissan City Hub e можно наскоро да се примени и во Берлин, Токио или Шангај.

Nissan Dayz е малечко, но доволно големо да вози само

Во овие форми се крие следната генерација на Nissan Qashqai

Renault, Nissan и Mitsubishi стануваат рамноправни партнери

Центарот на Париз ќе станува пешачка зона

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

McLaren Grand Tourer 1newrules

Гран-турерот на McLaren без маска и со датум за мај

Њујорк патарина

Менхетен воведува патарина, приходот оди за јавен превоз