148
142 shares, 148 points

Nissan сигурно е марка на којашто може да ѝ се верува за погон на сите тркала. Специјалност на овој модел е пробивање по длабок снег и во услови во кои само ретки теренски возила можат да се пробијат. Тука сепак не станува збор за теренско возило, туку за лимузина

Техничарите во Nissan уште еднаш се поиграа со фамозниот систем од гасеници што се поставува на тркалата, овозможувајќи исклучителна пробивност при возење по снежна подлога. Овојпат системот е вграден во најпристојна семејна лимузина, во Altima, со што се докажува флексибилноста на системот и можноста тој да се вгради буквално во секаков вид возило.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Специјалната верзија под името Altima-te AWD е изработена во само еден примерок и истиот ќе биде прикажан премиерно на салонот во Торонто. Исто како кај Rogue Warrior во 2016 година, преработката на Altima е дело на специјалистите од Mia (Motorsports in Action) од Квебек. Самиот систем од гасеници се нарекува Dominator и производ е на American Track Truck.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Газечката површина на гасениците е долга 1,22 метар, висината им изнесува 75 сантиметри, а ширината 38 сантиметри. Крилата на Nissan Altima мораше соодветно да се прошират за по 36 сантиметри, заради простор за гасениците. Масивни преправки беа неопходни и во подвозјето, со спуштање на носечките рамки на оските за по 30 милиметри и дополнително зголемување на одот на суспензијата за 50 милиметри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Altima-te AWD ќе биде прикажана премиерно на салонот на автомобили во Торонто, во февруари.  Nissan, инаку, ја продава лимузината Altima на канадскиот пазар исклучиво во изведба со погон на сите тркала. Канада.

Најпродаван во Јапонија е … Nissan Note, по малку електричен

Nissan Leaf во специјална серија со досег до 385 километри

Patrol беше првиот Nissan од Европа пред 35 години

Nissan Qashqai со бензински мотор од Mercedes A-Class

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

148
142 shares, 148 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *