за

Nissan 370Z Nismo доби моделско освежување

7. NISSAN 370Z, продадени примероци 338 (+13.0%)

Конкурентот на Porsche Cayman GTS од септември ќе располага со истите инженерски трикови што беа применети во последното освежување на спортскиот знаменосец GT-R Nismo.

По третманот на знаменосецот GT-R Nismo сега дојде на ред и следниот модел во понудата на фабрички тјунирани тркачи на Nissan, на купето 370 Z Nismo, да го добие последниот пакет трикови од брзинските специјалисти на куќата. Спортското одделение на Nissan му скрои нов преден браник со поголем отвор за воздух и дополнителни канали за воздух отстрана, како и со диодни дневни светла. Светлата на 370 Z во изведбата на Nismo имаат црна основа, основата на предниот браник е бојадисана црвено, ретровизорите се редизајнирани, исто како и праговите. За освежениот 370Z Nismo има и нови бандажи од 19 инчи во црн или сребрен финиш.

Задниот браник има нов дизајн, заедно со спојлер чијашто изработка го нагласува пристапот на Nismo во конструирањето и дизајнирањето на возилата. Како дел од целосната преработка на пакетот спојлери на 370Z Nismo, задниот спојлер кај новото моделско годиште на моделот е помал и функционира во тандем со предниот браник, со цел да се постигне значително поголем потисок при повисока брзина. Силата на овој потисок сега дејствува во подеднаква мера на предната и задната оска и обезбедува чувство на подобар баланс во возењето. Според инженерите на Nissan, никој од ривалите на 370Z Nismo не произведува поголем потисок.

Најзначајно освежување во кокпитот се спортските седишта Recaro, со подобрена поддршка и поголем комфор. Седиштата се воено и полесни, со примена на школкаста основа, место класична цевна рамка. Согласно со освежувањето на внатрешноста, седиштата се обложени со црвена и црна кожа, во комбинација со алкантара.

Моторот е 3,7-литарски шестцилиндарец со 344 КС, со добра испорака на вртежен момент при ниски вртежи и континуирано повлекување во целиот дијапазон на вртежи. Спринтот до сто трае примерни 5,2 секунди. За разлика од стандартниот модел, Nismo поседува и двоен издувен систем, заслужен за препознатливиот спортски звук. Новиот 370ZNismoќе биде достапен само во купе изведба и со шестстепен мануелен менувач. Промени претрпе и подвозјето во насока на подобрување на комфорот, а за изолацијата на поткрилата се користат нови материјали, со што дополнително е намалено пренесувањето на звукот од патот.

Освежувањето на 370Z Nismo ја опфати и стандардната гама на моделот, кој и натаму вози со 328 КС и освен со шестстепениот мануелен менувач е достапен и со седумстепен автоматик.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест на ams: Пошироките гуми не мора да се подобри

Alfa Romeo 6C во напад на Jaguar F-Type