за

Nissan ќе го „наелектризира“ финалето во Лигата на шампиони

Јапонската марка е упорна секаде да се појави со своите електрични возила. Како автомобилски спонзор, Nissan ќе обезбеди 100 возила на струја за финалето во Лигата на шампиони во Милано.

Атмосферата околу финалето во Лигата на шампиони што викендов ќе се одигра во Милано дополнително се електризира од Nissan. Светскиот лидер во електричниот погон обезбеди возен парк од над 100 возила на струја за најпрестижниот фудбалски турнир во светот. Како официјален автомобилски спонзор, Nissan ќе ја има честа, во четврток на 26-ти мај, да го пренесе трофејот на Лигата на шампиони на УЕФА во електричниот ван e-NV200 до фан-фестивалот во „Дуомо ди Милано“, каде што трофејот ќе остане до големиот меч. Непосредно пред саботното финале, електричен Nissan Leaf ќе го донесе трофејот до стадионот Сан Сиро.

За возврат на големата чест, Nissan ќе постави 17 брзи полначи за струја во Милано и на двата аеродрома, од кои 13 ќе останат и по завршувањето на финалето – бесплатни за користење за сопствениците на електрични возила. Nissan го обезбеди возниот парк и за ланското финале во лигата на шампиони во Берлин, кадешто исто така постави неколку полначи за струја.

nissan finale ls_uefa e-nv200

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Grand Scenic: Французите му даваат нова шанса на ванот

Mercedes и Audi ја спасуваат честа на дизел моторот