за

Nissan е службено возило на ракометарките и ракометарите на Вардар

Увозникот Аутомотив Груп продолжува со офанзивниот настап на Nissan, во согласност со глобалната стратегија на марката. Поддршката на ракометот станува интегрален дел од овој настап.

По успешната соработка во минатата сезона со ракометниот клуб Вардар, Аутомотив Груп го продолжи договорот Nissan да биде официјален превозник на тимот и за следната сезона, а воедно ја прошири соработката и со женскиот ракометен клуб Вардар, кој беше третопласиран на последниот „фајнал фор“ во женскиот ракомет.

„Вардар е амбициозен проект којшто допрва ќе го освојува европскиот ракомер во машка и женска конкуренција, затоа сметаме дека соработката со еден гигант во автомобилската индустрија како што е Nissan одговара на стратегијата на нашиот клуб, кој секогаш има амбиции за подобри резултати и се стреми кон нови успеси“, изјави Давид Стојановски, директор на ракометниот клуб Вардар.

За значењето на соработката во поддршката на ракометниот спорт, Симона Николовска од одделението за односи со јавност на Аутомотив Груп изјави: „Ракометот е број еден спорт во Македонија кој го пратат и подржуваат најголемиот број македонски навивачи. Верните навивачи на Вардар и ракометните љубители секојдневно очекуваат информации за својот клуб и се што е поврзано со него, нивниот следен потег, нови засилувања, нови амбиции. Токму таа енергија ја има Nissan на светскиот пазар. Тоа е бренд кој ги создава трендовите, бренд кој освојува, иновација која возбудува. Nissan е азискиот број 1 во Европа и неговото место е меѓу најуспешните. Со задоволство ја продолжуваме и прошируваме нашата соработка со амбициозни и успешни клубови, како РК Вардар и ЖРК Вардар.“

Женскиот и машкиот ракометен клуб Вардар минатата година забележаа врвни успеси, како во домашните и регионалните лиги, така и на меѓународна сцена. Аутомотив Груп се одлучи да влезе во македонскиот клубски ракомет согласно стратегијата на Nissan да подржува спотови важни за пазарите каде освојува.

На европски ниво, почнувајќи од сезоната 2014/2015, Nissan е официјален превозник на најважното натпреварување, Лигата на шампионите на УЕФА во следните четири години.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Соларна енергија ја движи фабриката на Mini

Болничката документација на Шумахер украдена и на продажба