за ,

Nissan го претстави новиот Murano

7. NISSAN MURANO, продадени примероци 392 (+27.3%)

Третата генерација на големиот кросовер на Nissan ќе доживее премиера на салонот во Њујорк. Новиот Murano настапува со уште повпечатлив дизајн од неговите претходници.

Nissan Murano влегува во следната рунда. На салонот во Њујорк што се одржува од 18-ти до 27-ми април ќе биде претставена третата генерација на престижниот кросовер на јапонската марка. Продажбата во САД ќе почне кон крајот на годинава, додека стартот во Европа може да се очекува во првото тримесечје од 2015 година. Дотогаш останува во понуда актуелниот модел по цена од 62.900 евра со дизелски мотор 2.5 dCi со 190 КС.

Јапонскиот противник на класата М на Mercedes и на Volkswagen Touareg доби каросерија со флуидна линија и карактеристичен изглед во предниот дел, со светла во стил на купето 370 Z. Должината на каросеријата порасна на 4,90 метри, за да се постигне повеќе простор во кабината и во багажникот.

Меѓу поголемите измени, Nissan го издвојува преполовениот број на прекинувачи и копчиња во кокпитот. Многу ветува и информацијата дека седиштата се развиени во соработка со NASA и нудат врвна ергономија. На списокот на дополнителна опрема се наоѓаат диодни светла, како и систем со четири камери за возачот да добие глетка на возилото од птичја перспектива.

Под хаубата работи познатиот бензински V6 од 3,5 литри, кој сега развива 260 КС и исто така е комбиниран со безстепен автоматски менувач како кај претходникот. Моделот стои на располагање со преден погон или со погон на сите тркала. При претстојната американска премиера Nissan уште не открива детали околу дизелскиот мотор за европскиот пазар. Моторот 2.5 dCi во актуелната генерација ослободува 190 КС.

Murano за прв пат ќе се произведува во Мисисипи, кадешто моментно се произведува најголем број на модели на Nissan. Фабриката во Кантон ќе биде глобален центар за производството на Murano, од каде што моделот ќе се извезува на повеќе од 100 пазари. Во истите погони се произведуваат и моделите Xterra, Frontier, Titan и Armada.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како Ford Mustang ќе се качи на 86-кат на Емпајер Стејт Билдинг?

На возачите на Ducati јакната им е водушна перница