за ,

Nissan бара британската влада да воведе сообраќаен знак за полнач за струја

Во Велика Британија постојат над 9.000 полначи за електрични автомобили. Nissan бара владата да постави соодветни знаци што ќе укажат на развиената мрежа од полначи и ќе ја охрабрат јавноста да размислува за купување електричен автомобил.

Nissan како производител на најпродаваниот електричен автомобил во светот и компанијата Ecotricity, која располага со најголемата мрежа од брзи полначи во Европа, Electric Highway, побараа од владата на Велика Британија да воведе официјален сообраќаен знак за полнач за струја за електрични автомобили. Во земјата постојат над 9.000 полначи за струја, но сé уште не постои препознатлив сообраќаен знак што ќе ги води возачите директно до полначите. Како што наведува Nissan во соопштението, „постојат официјални сообраќајни знаци за ‘премин за жаби во миграција’ и низ цела Велика Британија се поставени 140 такви знаци.“

Тоа што го бараат Nissan и Ecotricity секако не е претерано, ако се има предвид дека низ земјата има 140 вакви знаци - жаби во миграција
Тоа што го бараат Nissan и Ecotricity секако не е претерано, ако се има предвид дека низ земјата има 140 вакви знаци – жаби во миграција

Обата партнера сметаат дека е време британската влада да презеде акција и да ја побуди свеста на земјата за инфраструктурата од полначи за електрични автомобили, преку воведување на универзални симболи што ќе се користат за означување на разните видови на полначи за струја достапни на патиштата. Дејл Винс, основач на Ecotricity, најавува револуција на електричните автомобили во Британија: „Време е да се воведе сообраќаен знак за полнач за електрични автомобили во Британија. Тие ќе ги упатуваат илјадниците возачи на електрични автомобили во Британија и ќе ја зголемат свеста на публиката дека инфраструктурата е подготвена за народот да се префрли на електричните автомобили.“

Компанијата Ecotricity регистрира милион извозени милји на струја секој месец, односно од стартот на мрежата во 2011 година, возачите извозеле вкупно 15 милиони милји без каква било емисија на штетни гасови и без капка гориво. Покрај тоа, секој месец се бележат повеќе од 1.000 нови корисници на полначите.

ECOTRICITY BRANDED LEAFОд стартот на продажбата на Nissan Leaf во 2011 година, во земјата се продадоа над 11.500 примероци од електричниот автомобил што се произведува и во Велика Британија, додека на глобално ниво се продадени близу 200.000 примероци од Leaf, од 2010 година. Според производителот, сопствениците на Nissan Leaf и електричното комбе e-NV200 досега имаат поминато преку една милијарда милји на струја.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овој Lamborghini Aventador е диско на тркала

Google нема намери да станува голем производител на автомобили