153
20 shares, 153 points

Во декември ќе стартува продажбата на вториот степен на беснило на Juke, на Nismo RS. Малиот брат на Nissan GT-R Nismo кај европските дилери ќе чини 27.450 евра.

По премиерата на салонот во Женева, во март, Juke Nismo RS ја комплетираше развојната патека, што во случајот на спортското одделение на Nissan, подразбира созревање на возилото на најтешките тркачки патеки. Во споредба со „стандардниот“ Nismo, RS има повеќе моќ, постегнато подвозје, посилни сопирачки и екстра опрема. Место со 200 КС, екстремната верзија на кросоверот вози со 218 КС од 1,6-литарскиот Dig-T. Соодветно порасна и вртежниот момент во верзиите со погон напред и мануелен менувач на 280 Nm. За предните тркала подобро да се соочат со огромниот напад на моќност, моделите со преден погон дополнително поседуваат и механичка блокада на диференцијалот.

Верзиите со погон на сите тркала чинат 30.250 евра и стандардно се опремени со напредниот систем за динамична стабилност на Nissan, како и со осумстепен менувач со двојна спојка. За заокружување на тркачкиот настап, преработен е и издувниот систем, вклучувајќи поголем придушувачки лонец. Со посебни зафати е скрутена и каросеријата, а сопирачките пораснаа од 296 на 320 mm напред, додека задните се вентилирани.

Однадвор RS се разпознава по црвените сопирачки клешти и беџовите напред и назад. Логото RS внатре е присутно на бројачот на вртежи, а таблата со инструменти е обложена со превртена кожа. Рачката на менувачот, палките зад воланот и уше неколку детали имаат финиш во стил на воден принт. Со доплата се достапни школкасти седишта Recaro, ксенонски светла, панорамски преглед околу возилото и пакет безбедносни системи, вклучувајќи систем за следење лента, следење на мртвите агли и препознавање на објекти во движење. За каросеријата се достапни три бои – бисерно бела, црна металик и сребрено сива – со соодветно ускладен ентериер.

Дотерувањето на аеродинамиката на RS опфати пониско извлечени браници напред и назад, пошироки крила и прагови и спојлер на задниот капак. Ретровизорите се лакирани во црвена боја, а истата боја ја има и лентата по целата должина на возилото. Динамичниот настап е заокружен со диодни дневни светла во долната маска и впечатливи бандажи од 18 инчи.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
20 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743