144
19 shares, 144 points

Според студија на Nissan, во 80 проценти од случаите, жените се тие што имаат пресудно влијание при изборот на автомобилот. Исто како во вицот дека мажите секогаш го имаат крајниот збор: „Да, драга…“

Постојат непишани правила на однесување во сообраќајот, без коишто не се може: „Никогаш не и дозволувајте на сопругата да вози за време на сообраќајниот шпиц“ или „Жените не умеат да паркираат“ или „Доколку сте го користеле ретровизорот при шминкање, не заборавајте повторно да го наместите правилно пред да го започнете следното возење.“ Тешко е да се поверува, но овие и слични цитати навистина допираа до јавноста преку медиумите, до пред само неколку децении.

Повеќе не треба да чуди тоа што секој петти купувач на Porsche во Германија е жена
Повеќе не треба да чуди тоа што секој петти купувач на Porsche во Германија е жена

Автомобилскиот свет изгледа многу поразлично во 2016 година. Сосема е вообичаено дамите да возат автомобили. Според статистиките на Porsche, една петина од купувачите на возило од оваа спортска марка на германскиот пазар се дами. Кај обичните марки, уделот на женскиот пол секако е уште поголем.

Жените имаат важна улога и при изборот на дополнителната опрема во возилото. Според една од последните студии на техничкиот центар на Nissan во Британија, во околу 80 проценти од случаите, жените го одредуваат изборот на идниот семеен автомобил. Студијата се обновува редовно, со тоа што возачките од Европа, Јапонија, Кина и од САД се анкетираат за тоа што им се допаѓа во автомобилите, исто како и за работите што не им се допаѓаат. Оттаму стекнатите сознанија потоа влијаат при развојот на новите модели на Nissan. Многумина ќе се изненадат од констатацијата на Nissan дека типичен женски автомобил не постои: „Жените го сакаат истото што и мажите, но поразлично.“

Жените повеќе внимаваат автомобилот да им одговара и на другите патници

Како и вообичаено, изборот на жените треба да биде спој на повеќе квалитети во едно. Се бара изглед, но и практичност. Тоа звучи некако познато...
Како и вообичаено, изборот на жените треба да биде спој на повеќе квалитети во едно. Се бара изглед, но и практичност. Тоа звучи некако познато…

Многумина се убедени дека дамите купуваат малечки и симпатични автомобилчиња, во боја на бомбона. Но, и тоа е само уште една предрасуда. Дамите сакаат автомобилот да им биде комплетен, што значи дека тој треба да изгледа модерно, но мора да поседува и практични својства. При изборот се внимава на многу повеќе аспекти, односно важно е автомобилот да одговара и за децата и за родителите и за нивните родители. На жените им е особено важно децата и возрасните исто така да можат да пристапат и да станат од задната клупа во возилото. Победничка комбинација кај жените се автомобилите што постигнуваат спој на разумни аспекти и на емотивно поврзување со возилото. Тоа значи, допадлив дизајн, промислено изведен концепт на кабината, корисна техника и сеопфатна безбедност. Мажите го сакаат истото, но поразлично.

Од анкетата спроведена меѓу возачи од обата пола, произлегува дека сеопфатната безбедност и контролата се многу поважни за жените отколку за мажите. Електронските системи за асистенција и вниманието за животната средина исто така се ценат повеќе кај дамите. Ова е веќе познато: На жените им е важен и ценовниот сооднос, односно важно е автомобилот да понуди колку е можно повеќе за цената. Според студијата, жените многу построго внимаваат возилото да остане во рамките на финансиските можности отколку мажите. На крај, сепак пресудува едно. Дамите сакаат да седат на високо во својот автомобил. Тоа само повторно докажува дека изборот на дамите не се сведува на слатки и малечки автомобили, колку за возење низ град, туку се бара посебен вид возило.

Предрасудите дека жените не се снаоѓаат во метеж, лошо паркираат и најважно им е огледалото, за среќа се далечно минато. Или, сепак не...
Предрасудите дека жените не се снаоѓаат во метеж, лошо паркираат и најважно им е огледалото, за среќа се далечно минато. Или, сепак не…

Повеќе од половина од продадените примероци од кросоверот Nissan Juke се во сопственост на жени. Нивните автомобили обично поседуваат сончев покрив (61% кај дамите, 30% кај мажите), пакет RS Technology (63% дами, 70% мажи) и пакет каросериски додатоци (57% дами, 30% мажи). Според тоа, жените го сакаат истото што и мажите, но поразлично.


Like it? Share with your friends!

144
19 shares, 144 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730