Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
Пазар

Nissan е на домашен терен на салонот во Москва

Nissan го претстави долгоочекуваниот Pathfinder на салонот во Москва, вклучувајќи ја локално произведената верзија на моделот со хибриден погон. Премиера и за „рускиот“ седан Sentra.

На салонот во Москва, Nissan го претстави долгоочекуваниот Pathfinder, вклучувајќи го првиот воопшто модел со хибриден погон произведен во Русија. Паралелно со теренецот доживеа премиера и новата генерација на лимузината Sentra, исто така од локално производство. Со овие два модела, Nissan ја потврдува посветеноста на рускиот пазар, најголем пазар за марката на европска територија и петти најголем пазар на глобално ниво.

Од почетокот на годинава Nissan комерцијализираше девет нови модели на рускиот пазар и истовремено ја зголеми продукцијата во локалните фабрики. На салонот доживеаја руска премиера и новиот Nissan Juke, како и Nissan GT-R NISMO. Јапонската марка напредува одлично на рускиот пазар, со 6,5 проценти пазарно учество во седумте месеци од годинава. Лани, Nissan беше на осмото место на најпродавани марки во Русија, додека во оваа година веќе се најде меѓу првите пет најголеми марки во земјата. Русија е воедно и единствен пазар во светот, каде што компанијата Nissan е присутна со сите три марки, Nissan, Infiniti и Datsun. Следна цел на Nissan е заедно со марката Datsun да достигне пазарно учество од 10 проценти до 2018 година.

Производството на Pathfinder ќе се одвива во фабриката на Nissan во Санкт Петерсбург, кадешто ќе ја удвои годишната продукција на 100.000 возила. Четвртата генерација на Pathfinder ќе се продава на рускиот пазар во верзија со 3,5-литарски бензинец и во хибридна верзија со 2,5-литарски бензинец и електромотор. Оваа верзија на Pathfinder е прв автомобил со хибриден погон произведен во Русија. Во фабриката се произведуваат и Teena, Murano и X-Trail, а во следната година ќе им се придружи и Qashqai.

Nissan Sentra
Nissan Sentra

Лимузината Sentra е производ од соработката со партнерот AvtoVAZ и достапна е со 1,6-литарски бензинец. Моделот се одликува со зголемено растојание од подлогата и комфорна амортизација, што го прави соодветен за условите на руските патишта. Nissan произведува возила и во фабриката на AvtoVAZ во Тољати – Nissan Almera и Datsun On-do. Од следната година, во оваа фабрика што некогаш се нарекуваше „рускиот Торино“, ќе започне производството на Datsun Mi-do,којшто исто така доживеа премиера на салонот во Москва, заедно со уште три модели на Nissan.

Јапонската марка е присутна на рускиот пазар со 160 продажни салони во 117 градови, со план нивниот број годинава да се зголеми на 170 салони, во 120 градови.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730