за

Повеќе не може да се „измислуваат“ рекорди, Нирбургринг дава потврда

Повеќе не може да се „измислуваат“ рекорди, Нирбургринг дава потврда
Повеќе не може да се „измислуваат“ рекорди, Нирбургринг дава потврда

Нирбургринг во минатото лето одреди правила, за при поставувањето рекорди на патеката да важат исти услови за сите. Официјалната потврда за извозен рекорд сега ја дава истоимената компанија што стопанисува со прочуената тркачка патека. Ред мора да постои, особено во Германија.

Најкусото измерено време на Нордшлајфе, на Нирбургринг, изнесува 5.19:55 минути. Тимо Бернхарт го постави рекордот во летото 2018, со Porsche 919 Hybrid Evo. Тоа беше воедно и прв круг измерен на германската тркачка патека, надвор од трка. Оттогаш, поставувањето рекорди на Нордшлајфе (во превод Северен јазол) се одвива под услови што важат исто за сите.

Производителите на автомобили со децении наназад самостојно ги организираа возењата за рекордно време, вклучувајќи и самостојно мерење на времето, а потоа и официјалното објавување. Од патеката Нирбургринг никогаш немаа излезено со став, дали нечие рекордно време е важечко или не.

Видеоснимките во кабината важеа како доказ, но со нив се манипулира лесно

Единствен доказ за поставениот рекорд беа видеоснимките во кабината, но со нив може лесно да се манипулира, поради што честопати следеа реакции меѓу производителите на автомобили, во стручните кругови и секако меѓу публиката. Покрај тоа, од организаторски причини никогаш не се возеше целосниот круг на Нордшлајфе, туку само комбинацијата долга 20,6 километри, којашто се обележува со замислена стартна и целна линија. По ново, важи официјалната стартно-целна линија на делницата T13 и кругот е долг 20,832 метри.

Сега важат единствени правила за таканаречените „рекордни возења“, кои мора да ги почитува секој производител на автомобили што прави обид да постави нов рекорд. Основен услов е патеката да се изнајми ексклузивно за настанот. Мора да присуствува и независен нотар, кој ги проверува и возилото и баждарената мерната техника, за на крајот официјално да потврди дека е поставен рекорд.

Заради подобра споредливост, возилата се поделени во 12 категории според германските закони за хомологација. Откако важат новите правила, на Нирбургринг возеа Mercedes-AMG, Porsche, Lynk & Co и бројни други производители на автомобили.

Нирбургринг отвори матична служба за склучување брак

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ms rt ford transit custom r185 limited

За едни е комбе, за други Ford Transit со гени од рели

renault megane rs trophy-r

Ова се сите рекорди на Нирбургринг, официјално