за

Колку се продаваат електричните модели на „непознатиот“ Nio?

Колку се продаваат електричните модели на „непознатиот“ Nio?
Колку се продаваат електричните модели на „непознатиот“ Nio?

За кинеската марка Nio, специјализирана за погон на струја, светот долго време слушаше само најави и гледаше прототипи. Продажбата на електричните СУВ-модели се одвива веќе година и пол, пристигаат нови модели, продажните бројки се сосем пристојни.

Големите производители на автомобили во јануари објавуваат милионски вредности за бројот на продадени автомобили лани. Само премиум марките, од рангот на Mercedes, одамна имаат надминато два милиони. На сцената во меѓувреме проработеа и стартап-компаниите со електрични автомобили, на кои браншата досега гледаше со недоверба. Кинескиот Nio е типичен пример за таква компанија, впрочем исто како и Tesla. Ветувањата одамна почнаа да се реализираат во сериско производство.

Nio моментно продава само на кинескиот пазар, но и тоа е сосем доволно. Специјалистот за СУВ со електричен погон, во декември лани испорачал 3.170 возила, од кои 2.537 примероци од моделот ES6 и 633 примероци од престижниот седумсед ES8. Од пазарниот старт на марката Nio во јуни 2018 година, двата модели досега постигнале вкупна продажба од 31.913 примероци, од кои 20.565 примероци биле испорачани лани.

Кинезите се познати како спектакл мајстори: Овој потфат воопшто не е безопасен

Во споредба со ноември, продажбата на ES6 и ES8 во последниот месец од 2019 година се зголемила за 22,7, односно за 37,3 проценти. Имајќи предвид дека станува збор за премиум модели што се нудат по цена споредлива со големите имиња на сцената, тоа е одлично постигнување.

Охрабрени од продажниот успех, Кинезите го нудат седумседот ES8 во новото моделско годиште со батерија со капацитет зголемен на 100 kWh. Наскоро треба да стартува и третиот модел, купе-СУВ со моделска ознака EC6.

https://www.instagram.com/p/B7VYimjp8aN/

Nio ES6 постигнува досег до 510 километри со едно полнење на батеријaта од 84 kWh (според старата норма NEDC) и спринтува за 4,7 секунди до сто. Погонот доаѓа од два електромотори, едниот со постојан магнет и моќност од 160, вториот индукциски со моќност од 240 kW. Оваа единствена комбинација од два различни типови на електромотор, испорачува вкупно 544 КС.

Цената за моделот со оваа погонска комбинација во Кина изнесува 398.000 јуани, односно околу 52.000 евра. Поедноставната изведба е подостапна за околу 5.000 евра, додека топ-изведбата со сите вклучени опции чини 498.000 јуани или близу 65.000 евра. Испораката следи по осум недели од потврдувањето на нарачката. Засега се испорачува само во Кина, но редовните појавувања на „стартапот“ на големите автосалони во Европа и во САД јасно укажуваат на планови за можен старт и на овие пазари.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia и Надал ги претставија 130-те возила за тенискиот турнир во Мелбурн

Kia и Надал ги претставија 130-те возила за тенискиот турнир во Мелбурн

Ford Puma е автомобил на 2020 година според What Car

Ford Puma е автомобил на 2020 година според What Car