119
19 shares, 119 points

Непознати марки ја користат празнината додека големите производители стартуваат со своите електрични автомобили. Повеќето од нив остануваат само на ветување, но не сите. Nio ES8 е првиот сериски автомобил од новата марка и се чини како пристојна понуда.

Голем е бројот на кинески компании што сакаат да го освојат пазарот со своите електрични автомобили. Но, мал е бројот на компании што ги имаат остварено ветувањата. Една од нив е Nio, којашто во Пекинг го претстави електричниот теренец ES8, како свој прв сериски модел.

Во споредба со суперспортскиот EP9, кој собори неколку рекорди и развиен е во Велика Британија, Nio ES8 изгледа речиси секојдневно. Со должината од пет метри и меѓуоскиното растојание од 3,01 метри, електричниот теренец се наоѓа рамо до рамо со Audi Q7 или Tesla Model X.

Nio ES8 1

Каросеријата целосно е изработена од алуминиум, а во нејзиното конструирање учествуваше и австриско-канадскиот добавувач Magna. Внатрешноста на седумседот остава модерен впечаток, со дигитална табла со инструменти и проекциски дисплеј. Совозачкото седиште се претвора во фотелја во која може комотно да се залегне.

Технолошкото ниво на Nio ES8 не е за подбив

Во стилот на Tesla, во средишната конзола доминира голем вертикален дисплеј, кој ги заменува класичните копчиња. Топката врз арматурната табла не е за украс, туку служи за комуникација на возилото со патниците. Според Nio, системот Nomi е еден вид придружник при патување, кој ги слуша возачот и патниците, зборува со нив и им помага. Nio ES8 прави голем чекор напред во поглед на телематиката и конективноста, вклучувајќи систем Mobileye Q4 од последната генерација.

Nio ES8 5

Основните податоци за погонот сугерираат дека возачот сепак ќе сака сам да ја преземе контролата врз возењето, место тоа да го препушта на вештачката интелигенција. Двата погонски модула развиени од Magna произведуваат 644 КС, што се претвора во спринт до сто за 4,4 секунди. Крајната брзина е ограничена на 200 km/h.

Една од причините за брзинскиот лимит е спречување на прегревање на батериите, но и сочувување на енергијата. Според официјалниот циклус, Nio ES8 минува 355 километри со едно полнење, додека во реалноста може да се очекуваат барем две третини од таа вредност. Од мала корист е податокот дека електричниот теренец може да извози 500 километри доколку брзината се држи константно на 60 km/h.

„Полначот за струја“ самиот доаѓа до возилото да ги наполни батериите

Како утеха, батериите се полнат брзо. Кинезите развија систем Power Mobile, со когошто батериите се освежуваат за следните 100 километри за само 10 минути. Идејата е „полначот“ самиот да се појави кадешто е потребно – со комбиња коишто служат како подвижен полнач. Покрај тоа, постои и можност за брза замена на истрошените батерии со полни, што би требало да трае околу три минути. Nio ветува дека самостојно ќе ја изгради потребната инфраструктура.

Nio ES8 10

Околу цената не би требало да има забелешки, имајќи предвид што нуди возилото. Таа изнесува околу 58.000 евра, односно 45.000 евра, доколку сопственикот се реши за наем на батериите, што чини 165 евра месечно. Nio ES8 во почетокот ќе се продава само на кинескиот пазар. Тоа е најголемиот пазар во светот, и за автомобили, и за електрични автомобили. Но, големи и докажани компании во меѓувреме се вклучуваат во игра. А, тие не си играат.

Nio ES8

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

119
19 shares, 119 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743