187
27 shares, 187 points

Кинескиот производител на електрични автомобили Next EV ја претстави својата нова марка Nio. Еден мегават моќност или 1.360 КС, спринт за 7,1 секунди до темпо 200 и крајна брзина од 313 километри на час – сето тоа моделот EP9 го постигнува со погон на струја.

Неинвентивно именуваниот модел Nio EP9 пристига на сцената како најбрз автомобил со електричен погон. Дека не станува збор само за празни ветувања, Next EV веднаш и објави и времињата на круг на две тркачки патеки на коишто браншата обично ги одмерува силите: EP9 го вози Северниот Јазол на Нирбургринг за 7:05,12 минути, додека времето на Пол Рикар изнесува 1:52,78 минута.

Кокпитот и школката се изработени од карбон во монокок-конструкција, а за погонот се грижат четири електромотори, секој со 250 киловати моќност. При темпо 240, воздушните струи притискаат со 24.000 њутни врз каросеријата на Nio, што е двапати повеќе отколку кај болид во Формула 1. Според производителот, батеријата се полни за 45 минути и дозволува досег до 427 километри. Енергетската обнова може да трае и многу покусо, затоа што Nio располага со систем за брза замена на испразнетите батерии со полни. Повеќе детали околу техниката на EP9 засега не се објавуваат.

Next EV има стекнато големо искуство во електричниот погон преку Формула Е

Стартап-компанијата Next EV вози во Формула Е уште од 2014 година и со Нелсон Пике Јуниор го имаше првиот светски шампион во новата тркачка серија со болиди со електричен погон. Дизајнот и маркетингот на Nio се координираат од централата на компанијата во Минхен.

Nio EP9

Првите шест примероци од електричниот хипермобил веќе се продадени на кинески милионери. Возилата се изработуваат рачно во Британија, со производствени трошоци во висина од 1,2 милион евра по возило, но продажната цена е непозната. Наскоро ќе стартува и редовното производство во Кина.

Next EV веќе има подготвено и втор модел, којшто веројатно ќе биде во класата на Tesla Model S и ќе стартува со продажба во 2018 година.

[FAG id=26378]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

187
27 shares, 187 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *