152
20 shares, 152 points

Акциите на стартап-компанијата за производство на камиони со погон на водород Nikola достигнаа астрономски вредности и дури ги надминаа и акциите на Ford, кога пред четири години се одржа светската премиера на револуционерниот камион. Вистината сега излегува на виделина, Nikola One е само голема измама.

Автомобилската индустрија познава бројни такви примери. Компании претставувале возила со техника што воопшто не била зрела за сериско производство. Посебно стартап-компаниите често ветуваат технолошки револуции и креативни визии, за на тој начин да ги обезбедат неопходните финансиски средства.

Таков е примерот и со стартап-компанијата со водородни камиони Nikola. Шефот Тревор Милтон, чиј капитал моментно се проценува на девет милијарди долари, во декември 2016 организираше настан што привлече внимание глобално. На настанот беше преставен камион со погон со горивни ќелии, со моќност од 1.000 КС и со досег од 1.000 милји, односно околу 1.600 километри.

Милтон тогаш најавуваше дека прототипот е во возна состојба и целосно е функционален. Меѓутоа, новинската агенција Bloomberg деновиве јавува дека тоа било една голема лага. Експертите ангажирани во конструирањето на камионот открија дека тој ниту оддалеку не бил во возна состојба и при презентацијата недостигале витални делови, без кои камионот нема шанси да се придвижи.

Милијардерот реагираше и во минатата среда призна дека во камионот навистина недостигале делови, но тие биле отстранети заради безбедност. Милтон призна и дека камионот никогаш не се движел со сопствена моќ. По неговото телефонско интервју за агенцијата Блумберг, акциите на компанијата почнаа да слабеат. Компанијата моментно се проценува на над 22 милијарди долари – при годишен промет од 0 долари.

Приказната беше поинаква пред три и пол години, кога камионот на бината беше врзан со синџири. Милтон: „Се погриживме да ги спречиме луѓето да се одвезат. Ова (камионот) фукционира целосно и беспрекорно“.

Техничарите што работеле на проектот открија за Блумберг дека камионот тогаш не поседувал ниту менувач, ниту електромотори, а иако на возилото било јасно напишано „H2 Zero Emission Hydrogen Electric“ тоа не поседувало ниту горивни ќелии. Шефот има одговор и за тоа. Моторите и менувачот биле отстранети од безбедносни причини.

Во меѓувреме, Nikola се подготвува за официјален почеток на продажбата. Но, дотогаш ќе мине долго време. Првото возило, „батерискиот“ камион Nikola Tre, ќе стартува в година. Првиот камион со погон на водород Nikola Two ќе се појави најрано во 2023 година.

Електричниот Nikola TRE ќе се произведува во Iveco


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
20 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *