за

Ники Валде успеа: 1.088 километри со велосипед за 24 часа

Opel Ники Валде, рекорд 1

Викендов повторно паѓаа рекорди на брзинската патека на Opel во Дуденхофен. Ники Валде извозе подолго растојание со погон на мускули од која било дама досега

Поставен е нов рекорд за најдолго растојание поминато со возило со погон на мускули во едно деноноќие. Германската натпреварувачка во екстремни спортови Никола „Ники“ Валде совлада 1.088 километри за 24 часа со таканаречен веломобил, односно со лежечки трицикл со аеродинамичен оклоп.

Opel Ники Валде, рекорд 3

Opel му даде дополнителен публицититет на настанот, како марка којашто има длабоки корени и во велосипедизмот. Покрај тоа, рекордерското возење се одвиваше на тест-патеката на Opel во Дуденхофен. Ники Валде извозе подолго растојание за едно деноноќие отколку што успеала било која дама пред неа, со возило со погон на мускули.

Потфатот на Ники Валде потсеќа на корените на Opel, на времето пред сто години кога компанијата била најголем производител на велосипеди во светот

Досегашиот рекорд од 1.012 километри, 44-годишната Германка го собори уште во 22-от час од потфатот. Дополнително отежнување за Ники во нејзиното необично возило долго 2,57 метри, широко 64 сантиметри и високо 88 сантиметри беа неповолните временски услови. Таа на моменти возеше и на температури од преку 30 степени Целсиузови, но и по вистински порој.

Opel Ники Валде, рекорд 3

Веломобилот тежок само 14 килограми е сопствена изработка на Даниел Фен, сопругот на Ники Валде. Познатата натпреварувачка во екстремни спортови совлада 227 кругови на високобризнскиот курс во Дуденхофен, повремено постигнувајќи брзини од близу 60 километри на час. Валде има поставено рекорд и на дванаесет часови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw welt trka so dronovi

Над 3.000 гости на трката со дронови во Светот на BMW

ford transit, возило за кампување

Врз оваа основа лежат добрите возила за кампување