за

Австриската патека доби свијок именуван по Ники Лауда

Ники Лауда, капи, Ред Бул Ринг, свијок
Ники Лауда, капи, Ред Бул Ринг, свијок

Трката за Големата Награда на Австрија годинава првпат се возеше без Ники Лауда. Но, иконата на мотоспортот и натаму е присутна на тркачката патека. На Ред Бул Ринг цела недела беше изложен McLaren од 1984 година, со кого Ники Лауда пред 35 години ја извозе единствената победа на домашна патека. Во падокот на патеката Шпилберг се наоѓаше и Ferrari од 1975 година, болидот со кого Австриецот извозе до првата титула на светски шампион.

Фанови, тимови и пилоти во рамките на Ф1-викендот на австриската тркачка патека му оддадоа чест на неодамна починатиот Ники Лауда. Утрово првиот свијок на Ред Бул Ринг беше именуван во „Niki Lauda Kurve“ односно во Свијок на Ники Лауда. Долгодишниот пријател на една од највпечатливите фигури во светот на Формула 1 и мотоспортот, др. Хелмут Марко, им предаде на сопругата Биргит (40) и на најстариот син Лукас Лауда (40) скулптура верна на конфигурацијата на патеката Ред Бул Ринг. Неколку часови порано, на трибините беа поставени 60.000 црвени капчиња, кои беа заштитен знак на Лауда.

Др. Хелмут Марко, сопругата Биргит и најстариот син Лукас (од л. на д.) на денешната свеченост на именување на првиот свијок на Ред Бул Ринг според австриската тркачка легенда Ники Лауда

Изјавите на денешната свеченост на Ред Бул Ринг:

Биргит Лауда: „Овој чин ни е од особено значење, вклучувајќи ја и целата фамилија, затоа што и на Ники ќе му значеше многу, иако тој секогаш ги одбиваше одликувањата и пехарите и ги подаруваше. Тој и порано имаше свијок наречен по него, но на еден начин му беше одземен. Тогаш, тој беше многу разочаран и тажен. Поради тоа знам дека ќе му претставуваше особена чест, да си го врати својот свијок во рамките на оваа свеченост.“

Лукас Лауда: „Горд сум, се разбира дека се радувам и искажувам голема благодарност на Ред Бул, на Хелмут и на сите останати. Како што кажа Биргит, верувам дека тој ќе беше горд што сега го има свијокот број 1. Верувам дека претходно беше 5-от или 6-от свијок. Тој многу го сакаше тоа.“

Хелмут Марко: „Постоеше свијок со името на Ники Лауда. Меѓутоа, при преуредувањето на Ред Бул Ринг, тој на некој начин беше заборавен и тоа му пречеше на Ники. Тогаш му кажав: ‘Пак ќе добиеш свијок.’ Верувам дека сега е вистинскиот момент, на достоен начин да се документираат митот, личноста и пред се заслугите на Ники Лауда во мотоспортот. Го земавме свијкот број 1. тука има најмногу случувања, тука е најдиво. Тоа е истото што Ники самиот го има искусено и ќе го ценеше тоа. Верувам дека тој многу, многу ќе се радуваше.“

https://www.instagram.com/p/BzVHtAgJxE4/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota gr supra goodwood 2019

Toyota доаѓа на Фестивалот во Гудвуд во стил на победник на Леман

течен метан швајцарија Лидл

Швајцарија ја доби првата пумпа за течен метан