за

Топ 5 Најпродавани плагин-хибриди во Европа во август

mitsubishi outlander phev Најпродавани плагин-хибриди
mitsubishi outlander phev Најпродавани плагин-хибриди

Приклучните хибриди се само преодно решение? Европскиот пазар моментно нуди 49 модели и моделски изведби со хибридниот погон, кој дополнително нуди можност за батеријата да се приклучи на полнач. Кои модели европските купувачи ги сакаат најмногу?

Купувачите на автомобили моментно имаат избор од четири видови на погон. Обични мотори со внатрешно согорување, односно бензинци и дизели, покрај нив хибриди, потоа плагин-хибриди или приклучни хибриди, и последни, но не уште за долго, електрични возила. Кај последниве повторно се разликуваат два подвидови, односно батериски електрични и водородни електрични.

Соодносот меѓу бензинците и дизелите моментно е 61 наспроти 30 проценти, плус 7,8 проценти за возилата со алтернативен погон – кадешто влегуваат сите претходно спомнати степени на електрификација на погонската спрега. Тоа се официјалните и детални статистики за продажбата на 23 најголеми пазари во Европа во август. Изненадување е колку брзо Европа излезе подготвена да го напушти дизелот, кој некогаш водеше убедливо пред бензинскиот мотор.

Овојпат ги разгледуваме само плагин-хибридите, со таа напомена што станува збор за најмалку застапениот вид на електрификација на погонската спрега. Со 11.600 продадени возила во август, плагин хибридите заостануваат далеку зад класичните хибриди (46.800 возила), но имаат и двојно послаба продажба од електричните (23.200 возила). Во графиконот долу се прикажани сите пазарни случувања и трендови.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За плагин-хибридите следува субвенција на речиси сите пазари во Европа, меѓутоа „електричните“ пак ги престигнуваат; Класичните хибриди и натаму се најпродавана форма на електрифицирана погонска спрега

Плагин-хибридите уживаат привилегии на повеќе пазари, како возила за коишто следува субвенција (3.000 евра во Германија, на пример), но во последно време добиваат силна конкуренција толку од „фул-електричните“, кои бележат фантастичен раст во продажбата. Пазарот се менува постојано, па во следните неколку месеци производителите ќе им дадат нов залет на плагин-хибридите, вградувајќи батерија со којашто досегот на струја ќе се зголеми на стотина километри, без тоа да повлече промени во цената на возилото. Техниката едноставно напредува, тоа е чекор што следува.

Нашето искуство со плагин-хибридниот Mini Cooper S E Countryman All4 (името се помни лесно, нели?) пред неколку седмици донесе неколку пријатни изненадувања. Што се однесува до привлечноста на погонот и погодноста кон животната средина, нашиот глас е За.

Во продолжение е Топ 5 на најпродавани модели со плагин-хибриден погон на 23 најголеми пазари во Европа во август. Меѓу нив го има и „нашето“ Mini, неговиот плагин-хибриден погон работи и во BMW 2 Active Tourer, кој е пласиран мошне високо.

Топ 5 Најпродавани модели со плагин-хибриден погон

(на 23 најголеми пазари во Европа, во август 2019)

Mitsubishi Outlander 2.4 Plug-In Hybrid Basis 4WD · Продаден во 2.405 примероци во август

New photo by Automedia MK / Google Photos

Цена на основен модел 37.990 евра (во Германија)

Мотор и пренос 4 цилиндри, бензин, 2360 ccm, 224 КС и 332 Nm (системски), постојан погон на сите тркала

Димензии 4695 х 1800 х 1710 mm, меѓуоскино растојание 2670 mm, багажник 463/1602 L

Тежини Празно возило 1971 kg, носивост 419 kg, приколка со сопирачки 1500 kg

Перформанси 0-100 km/h за 10,5 s, крајна брзина 170 km/h (при погон на струја 135 km/h),

Потрошувачка, просек 1,8 L/100 km

Досег на струја 54 km

Емисија на СО2 40 g/km

Резервоар 45 L

Големина на батерија 13,8 kWh (литиум-јон)

Времетраење на полнење: До 80% за 0,41 час (CHAdeMO); До 100% за 5,5 часови (10 A / 230 V)

Последно моделско освежување Септември 2019

BMW 225xe Active Tourer · Продаден во 1.118 примероци во август

New photo by Automedia MK / Google Photos

Цена на основен модел 39.650 евра (во Германија)

Мотор и пренос 3 цилиндри, бензин, 1499 ccm, 224 КС и 385 Nm (системски), автоматски погон на сите тркала, автоматски менувач со 6 степени

Димензии 4354 х 1800 х 1555 mm, меѓуоскино растојание 2670 mm, багажник 400/1350 L

Тежини Празно возило 1750 kg, носивост 430 kg, приколка со сопирачки – kg

Перформанси 0-100 km/h за 6,7 s, крајна брзина 202 km/h (при погон на струја 125 km/h),

Потрошувачка, просек 1,9 L/100 km

Досег на струја 53 km

Емисија на СО2 42 g/km

Резервоар 36 L

Големина на батерија 8,8 kWh (литиум-јон)

Времетраење на полнење: До 80% за 2,4 часови (полнач 3,7 kW); До 100% за 5,0 часови (обичен приклучок 12,5 A / 230 V)

Последно моделско освежување Јули 2019

Kia Niro 1.6 GDI PlugIn-Hybrid · Продаден во 921 примероци во август

New photo by Automedia MK / Google Photos

Цена на основен модел 33.990 евра (во Германија)

Мотор и пренос 4 цилиндри, бензин, 1580 ccm, 141 КС и 265 Nm (системски), погон напред, менувач со двојна спојка со 6 степени

Димензии 4355 х 1805 х 1535 mm, меѓуоскино растојание 2700 mm, багажник 324/1322 L

Тежини Празно возило 1594 kg, носивост 406 kg, приколка со сопирачки 1300 kg

Перформанси 0-100 km/h за 10,8 s, крајна брзина 172 km/h (при погон на струја 120 km/h),

Потрошувачка, просек 1,3 L/100 km (NEDC)

Досег на струја 58 km

Емисија на СО2 31,3 g/km

Резервоар 43 L

Големина на батерија 8,9 kWh (литиум-јон полимер)

Времетраење на полнење: До 100% за 2,25 часови (полнач 32 A / 240 V)

Последно моделско освежување Јули 2019

Mercedes E 300 е · Продаден во 843 примероци во август

New photo by Automedia MK / Google Photos

Цена на основен модел 55.960 евра (во Германија)

Мотор и пренос 4 цилиндри, бензин, 1991 ccm, 320 КС и 700 Nm (системски), погон назад, автоматски менувач со 9 степени

Димензии 4923 х 1852 х 1468 mm, меѓуоскино растојание 2939 mm, багажник 370/- L

Тежини Празно возило 1985 kg, носивост 640 kg, приколка со сопирачки 2100 kg

Перформанси 0-100 km/h за 5,7 s, крајна брзина 250 km/h (при погон на струја 130 km/h),

Потрошувачка, просек 1,7 L/100 km

Досег на струја 48 km

Емисија на СО2 38 g/km

Резервоар 50 L

Големина на батерија 13,5 kWh (литиум-јон)

Времетраење на полнење: До 100% за 1,5 час (полнач 7,4 kW); За 5,0 часови (обичен приклучок 2,3 kW)

Последно моделско освежување Август 2019

BMW 530 e · Продаден во 835 примероци во август

New photo by Automedia MK / Google Photos

Цена на основен модел 56.200 евра (во Германија)

Мотор и пренос 4 цилиндри, бензин, 1998 ccm, 252 КС и 420 Nm (системски), погон назад, автоматски менувач со 8 степени

Димензии 4936 х 1868 х 1483 mm, меѓуоскино растојание 2975 mm, багажник 410/- L

Тежини Празно возило 1845 kg, носивост 575 kg, приколка со сопирачки – kg

Перформанси 0-100 km/h за 6,1 s, крајна брзина 235 km/h (при погон на струја 140 km/h),

Потрошувачка, просек 1,6 L/100 km

Досег на струја 56 km

Емисија на СО2 37 g/km

Резервоар 46 L

Големина на батерија 10,8 kWh (литиум-јон)

Времетраење на полнење: До 100% за 3,6 часови (полнач 3,7 kW); За 5,9 часови (обичен приклучок 2,3 kW)

Последно моделско освежување Јули 2019

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo продажба во свет

Продажбата на Volvo напредува подобро од пазарниот просек

Tesla со рекордна продажба, акциите пак паѓаат