164
21 shares, 164 points

На големите салони на автомобили, марките може да постигнат моќен настап и ако музиката им е пуштена на најгласно или ако зад штандот се служи некој национален специјалитет. ИАА во Франкфурт не е исклучок. Во бројките од продажбата нема простор за такви трикови. Кои модели најдобро минуваат кај германските возачки и возачи?

Кој ги цени германските автомобили, ќе ги цени уште повеќе откако првпат ќе се соочи со обемноста со којашто се води тамошната продажна статистика. Деталноста е речиси фрапантна: Точно 891.296 возила од јануари до август се купени приватно (35,7%), додека останатите 1.603.393 се службени возила, но вклучувајќи и рентакар возила (11,7%), возила регистрирани на дилери (19,0%), лизинг и сл.

Во истиот стил, најпродавана боја е сива (30,2%), пред црна (24,6%), бела (20,5%), сина (10,9%), па црвена, кафена, жолта. Понатаму, 50,5% или 1.259.809 возила имаат емисија на СО2 меѓу 121 и 160 g/km. Бензин користат 59,5% од возилата, додека дизел само 32,6%, автогас 0,3%, метан 0,2%, хибриди се 5,8%, електрични 1,7 процент. Најмногу се продаваат модели од компакт класата и СУВ-модели, со по 20,5 проценти. Од германска продукција се 60,2% од возилата, потоа се Јапонија (8,3%), Франција (7,6%), Чешка, Јужна Кореја, Шпанија, Италија, Романија, Шведска, Велика Британија, САД.

Најважен е сепак,

Топ 50 на најпродавани модели во Германија до август 2019:

Марка и модел Јануари до август 2019 Од тоа дизел % Август 2019 Споредба август ’18 во %
VW GOLF 134.237 35,8 11.507 -34,2
VW TIGUAN 60.180 60,8 7.279 -14,3
VW POLO 44.315 6,9 5.825 -18,3
MERCEDES C-KLASSE 44.110 51,8 5.558 -5,2
VW T-ROC 43.933 23,9 6.950 +7,5
FORD FOCUS 41.451 41,0 4.201 +102,8
SKODA OCTAVIA 40.197 50,4 4.248 +2,6
VW PASSAT 40.141 86,3 3.298 -56,7
AUDI A4, S4, RS4 39.419 62,4 5.384 -13,1
OPEL CORSA 35.535 5.311 +40,7
AUDI A3, S3, RS3 33.868 23,9 3.962 -20,6
AUDI A6, S6, RS6 33.104 1,9 4.109 +53,4
MINI MINI 31.748 6,2 3.940 +11,8
SKODA FABIA 31.564 5.063 -2,4
VW TRANSPORTER 31.413 99,2 3.718 -1,4
OPEL ASTRA 29.736 34,7 3.444 +9,7
FORD FIESTA 29.705 1,8 2.673 -20,6
VW TOURAN 29.393 55,7 2.987 -10,9
SEAT LEON 29.255 12,1 6.097 -0,6
MERCEDES A-KLASSE 29.006 21,6 3.640 +42,2
FORD KUGA 27.614 32,7 3.972 +14,0
FIAT DUCATO 26.299 99,7 2.546 +28,0
MERCEDES E-KLASSE 26.033 69,9 3.324 -2,3
BMW 3ER 25.45 58,4 2.255 -1,5
BMW X1 25.098 46,7 2.173 +21,2
FIAT 500 24.579 1,2 3.616 +15,6
BMW 2ER 22.959 25,9 3.086 +5,8
MERCEDES B-KLASSE 22.454 31,8 3.274 +206,3
MERCEDES GLK, GLC 22.242 59,2 2.687 -17,6
SKODA KAROQ 22.116 37,9 3.028 +82,2
DACIA DUSTER 21.479 8,5 4.753 +61,4
VW UP 20.939 2.557 -21,9
SMART FORTWO 20.923 3.762 +84,1
SEAT ATECA 20.277 18,2 2.322 -5,1
DACIA SANDERO 19.901 2,4 3.291 -0,2
RENAULT CAPTUR 19.323 23,8 3.717 +1,1
FORD ECOSPORT 19.226 2,7 2.290 +14,7
BMW X3 18.812 74,9 2.941 +51,5
AUDI Q3 18.468 22,8 2.368 -2,2
HYUNDAI TUCSON 17.535 5,5 2.207 -1,4
SEAT ARONA 16.357 11,6 2.291 -34,2
SKODA KODIAQ 15.815 57,1 2.35 +104,9
MERCEDES V-KLASSE 14.995 99,7 2.151 +60,3
AUDI Q5 14.950 66,4 2.100 -26,8
HYUNDAI KONA 14.707 3,0 2.077 +69,1
SEAT IBIZA 14.600 4,9 2.950 -1,5
HYUNDAI I 20 14.570 2.183 +73,1
VW T-CROSS 12.328 3,5 4.106 X
HYUNDAI I 10 12.224 2.249 +11,8
DACIA DOKKER 9.122 11,1 2.098 +31,3

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

164
21 shares, 164 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *