за

Пред финалето: Кои се најпродаваните марки во Европа годинава?

Ford Focus продажба

Денес се објавени официјалните статистики за продажбата на автомобили на европскиот пазар во ноември. Редоследот меѓу водечките 10 марки во основа е ист од почетокот на годинава, во последниот месец може да се решава единствено дали третото место ќе го освои Ford или Peugeot. Наспроти тоа, на завршетокот од табелата продолжува големиот пад во продажбата на Jaguar и Land Rover.

Секоја објава на продажните статистики за европскиот пазар веќе со децении почнува исто. Марката Volkswagen е на првото место, во меѓувреме со пазарен удел од преку 10 проценти. Втор е Renault, со солидна предност пред Peugeot, и сосем е извесно дека францускиот производител ќе го задржи местото до крајот на годината. Повеќе е неизвесно околу конечниот пласман на Peugeot и Ford за годинава. Германците се на четвртото место, со одвај 3.500 помалку возила, меѓугоа големиот скок на марката во ноември, со 3,4 проценти, наспроти падот од 1,2 процент на Французите, ветува жешка завршница и можност Ford да го преземе третото место.

Mercedes, кој е веднаш на петтото место, веќе подолго време не е изненадување. Дури, швабите имаат и најголем раст во продажбата во ноември, со 3,2 проценти. Поинаку е кај Opel, на следното место, со ноемвриски минус од 22,1% и шест проценти намалена продажба од почетокот на годинава. BMW не остава конкурентот од Штутгарт да се одвои премногу, па е на седмото место, со раст од 3,5 проценти во минатиот месец.

Jaguar E-Pace D180 test
Кадар од нашето пролетно тест-возење на Jaguar E-Pace. Британската марка, заедно со сестринската марка Land Rover, годинава за жал имаат драстичен пад во продажбата, наспроти солидните резулатти од минатите неколку години

Осмото место на Skoda е сосем очекувано, но затоа е големо освежување Toyota на деветото место, со апсолутен раст според сите мерила: +2,8 проценти во периодот од јануари до ноември и +5,6% во ноември. Десетката ја заокружува Audi, со впечатлив раст од 39,4 проценти, меѓутоа оваа висока стапка се должи на драстично смалената продажба во ланскиот ноември, кога понудата од модели на марката беше десеткувана, поради воведувањето на новите норми за потрошувачка.

Toyota, Mercedes и Skoda напредуваат најмногу меѓу марките во Топ 10

Меѓу водечката десетка, најголем напредок годинава имаат постигнато Toyota, Mercedes и Skoda. Во ноември, најмногу пораснале продажбите на Renault (11,3%) и на VW. Наспроти тоа, во единаесетте месеци досега најмногу изгубиле Opel (6,0%) и Renault (-5,7%), додека само во ноември, најмногу негатива имаат забележано Opel (-22,1%), Peugeot (-1,2%) и Skoda со 0,9 процент.

Toyota Yaris
Новата генерација на Toyota Yaris пристига во следното лето, тоа ќе биде уште еден голем поттик за продажбата на јапонската марка

На останатите позиции, Dacia продолжува да напредува Dacia и го достигна 13-то место, со раст од 9,1% од почетокот на годинава, но пак има пад од 7,2% во ноември. Растат и Mitsubishi (+3,3%) и Lexus со +18,6 проценти. Најмногу пад годинава има во продажбата на Nissan, со -22,7 проценти, како и кај Jaguar (-6,9%), Alfa Romeo (-36,9%), а се намалува и продажбата на Land Rover (-1,4% од почетокот на годинава и -6,5% во ноември). Jaguar исто така стои слабо во ноември, со драстичен пад во продажбата од 30,5%, а не во завидна ситуација ниту Jeep со -15,8 проценти.

Вкупно во земјите од ЕУ и ЕФТА (Швајцарија, Норвешка, Исланд), од јануари до ноември се продадени 14.585.602 возила или за 0,3% помалку од истиот период лани, односно 1.158.554 возила во ноември, односно 4,5% повеќе од ланскиот ноември. Најголеми пазари се Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија. Пазарите во Литванија (+44,0%) и Романија (+21,5%) пораснале најмногу во периодот до ноември.

Најпродавани марки на пазарите во ЕУ + ЕФТА во ноември 2019 година

МАРКА
Ноември
Тренд
Јануари до  ноември 2019
Тренд
VOLKSWAGEN 149,192 +9.3 1,634,784 -0.6
RENAULT 79,822 +11.3 967,384 -5.7
PEUGEOT 74,427 -1.2 892,830 -1.6
FORD 73,969 +3.4 889,377 -2.9
MERCEDES 76,003 +1.6 827,527 +3.2
OPEL 51,400 -22.1 780,037 -6.0
BMW 69,540 +3.5 753,241 +0.3
SKODA 61,510 -0.9 703,175 +3.3
TOYOTA 56,913 +5.6 690,845 +2.8
AUDI 53,548 +39.4 684,949 +0.8
FIAT 47,341 +3.1 610,329 -9.2
CITROEN 43,119 -0.8 593,718 +6.1
DACIA 41,664 -7.2 532,086 +9.1
HYUNDAI 43,987 +8.8 518,868 +2.4
SEAT 39,587 +11.4 473,940 +10.9
KIA 38,694 +4.9 469,119 +1.2
NISSAN 26,438 -3.6 360,882 -22.7
VOLVO CAR CORP. 28,695 +2.5 305,356 +4.1
MAZDA 22,671 +27.9 228,808 +4.7
MINI 16,478 -12.8 197,586 -0.5
JEEP 11,622 -15.8 155,502 -0.3
LAND ROVER 11,890 -6.5 139,777 -1.4
MITSUBISHI 11,207 -8.9 138,634 +3.3
HONDA 8,452 -6.6 111,706 -12.4
SMART 12,730 +57.6 99,286 +7.8
PORSCHE 7,973 +282.9 72,238 +9.3
JAGUAR 5,141 -30.5 71,328 -6.9
LANCIA/CHRYSLER 4,325 -3.5 54,996 +23.6
LEXUS 4,425 +23.1 51,267 +18.6
ALFA ROMEO 4,065 +2.3 49,733 -36.9
DS 4,130 +31.2 44,561 +5.5
LADA 291 -20.5 4,523 -7.4
ALPINE 234 +3.5 4,011 +134.0

Продажба на ниво на автомобилски концерни во ЕУ + ЕФТА во ноември 2019

Групација
Ноември
Тренд
Јануари до ноември 2019
Тренд
VW Group 301,524 +13.4 3,456,569 +1.9
PSA Group 171,932 -7.2 2,279,826 -1.0
RENAULT Group 119,998 +4.3 1,486,695 -0.6
HYUNDAI Group 80,764 +7.6 964,237 +1.8
BMW Group 82,355 +0.3 913,780 +0.4
DAIMLER 85,921 +7.2 898,219 +4.1
FORD 72,717 +3.8 874,137 -2.7
FCA Group 66,334 -1.4 860,829 -8.6
TOYOTA Group 59,191 +6.9 714,550 +3.8
NISSAN 25,392 -1.2 348,858 -22.1
VOLVO CAR CORP. 26,962 +2.7 288,284 +4.7
MAZDA 21,675 +28.3 220,118 +5.6
JAGUAR LAND ROVER Group 16,429 -15.0 202,261 -4.4
MITSUBISHI 10,426 -6.0 129,367 +3.7
HONDA 8,015 -7.2 107,370 -12.6

Топ 10 најголеми автомобилски пазари во Европа

Држава Ноември Тренд Јануари до ноември 2019 Тренд
Германија 299,127 +9.7 3,323,878 +3.9
В. Британија 156,621 -1.3 2,162,143 -2.7
Франција 172,731 +0.7 2,003,085 -0.2
Италија 150,587 +2.2 1,775,884 -0.6
Шпанија 93,158 +2.3 1,152,419 -5.7
Белгија 34,574 +2.2 516,536 -1.9
Полска 45,375 +4.9 503,099 +3.4
Холандија 39,154 +13.1 404,149 -4.6
Шведска 30,502 +18.2 307,907 -6.9
Австрија 23,271 -1.4 306,681 -4.7

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Autobest-Opel-Corsa-e

Новата Opel Corsa „најдобар избор“ според Аutobest

mercedes esprinter

Sprinter излегува од фабрика на Mercedes возејќи на струја