за

Ова се најпродаваните марки во Европа до април

најпродаваните марки во Европа

Големите производители на автомобили повеќе сакаат да ги објавуваат продажбите на ниво на концерн, отколку одделно по марките што го сочинуваат концернот. Според тоа што досега е комуницирано безброј пати, Volkswagen е број 1 во Европа, додека пазарните резултати по здружувањето со Opel му ја обезбедија втората позиција на францускиот PSA. Renault сега е на третото место. Водечката петорка ја заокружуваат Ford и Fiat Chysler Automobiles.

Но, производителите на автомобили се светски шампиони во убедувањето на јавноста и привлекувањето на вниманието на потенцијалните купувачи. Кога концернот Volkswagen објавува дека е број 1, јавноста стекнува впечаток дека сите марки во концернот се продаваат подобро од конкуренцијата. Секако дека тоа е далеку од реалноста. Seat, на пример, заостанува далеку зад продажбата на Kia или Nissan. Дури и Skoda мора да му го препушти водството на Fiat. Тоа е мајсторијата во оваа најпрефинета форма на манипулација, којашто концерните со моќ поголема од половината држави во светот ја владејат одлично, откако психолозите во браншата станаа важни речиси колку инженерите.

Jaguar и Land Rover исто така обожуваат кога ги објавуваат деловните резултати под името на групацијата Jaguar Land Rover. Така се случува да се бележат рекордни продажби, да се прославува статус на најголем производител на автомобили во Велика Британија, а сето тоа е само резултат од обичното собирање на продажбите на двете марки. Реалноста покажува дека Jaguar продава речиси колку Porsche, а Land Rover колку Honda. Во споредба со останатите марки, тоа се само 26-то и 22-ро место на ранг листата.

Зошто на производителите на автомобили им е важно да ги комуницираат кумулативните бројки од сите марки од концернот?

Кога бројот на прозорци на сите продадени автомобили би бил релевантен податок што би ги заинтригирал купувачите, сигурно дека во статистиката ќе фигурираше и тој податок. Во ерата на глобализацијата е важно бројките да бидат поголеми отколку на конкуренцијата. Купувачите на тој начин се уверуваат дека производот е квалитетен, проверен, правилен и добар избор. Наједноставно: Успешните приказни се тие што продаваат, никој не сака да купи автомобил од марка што е пред банкрот.

Ова е само приказна што е поразлична од вообичаените. Вистинската приказна е во графиконите што ги подготвивме, со продажбите на ниво на марки на европскиот пазар, во периодот од јануари до април.

prodazba po marka

 

trend na prodazba

Suzuki првпат продаде над три милиони автомобили

BMW продаде 30.000 електрични автомобили до март

Porsche најмногу продава теренци, Америка најголем пазар

Продажбата на електрични автомобили надмина милион примероци

Секој втор Volkswagen се продава во Кина

Дилерите на Mercedes најзадоволни на германскиот пазар според Schwacke

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW Akcionersko sobranie BMW iNext

BMW iNext го вклучува електричниот погон во повисока брзина

викторија лоба мерцедес а-класа

Викторија Лоба во реклама од А-Класа за Мерцедес